Конгресменска кандидатура - регион Thrace [Princess Emily]

Day 1,462, 14:45 Published in North Macedonia France by Princess Emily
Драги пријатели и сограѓани,
Во последните месеци еМакедонија постојано напредува на воен план. Региони и ресурси сме имале како никогаш досега, и ми е многу мило да го заклучам истото, иако поради тоа играва станува монотона. Освен владиниот состав, удел во тој успех имаат и нашите конгресмени. Иако во конгресот секој месец има одредени пропусти за кои не би зборувала сега, сепак мислам дека работите се подобруваат. Ме радува тоа што секој месец се повеќе и повеќе конгресмени се избрани чесно. За останатите, не би коментирала, бидејќи тие само нашле начин да ја искористат алчноста како човечка особина. Во секој случај, се надевам дека таквите појави ќе бидат целосно отстранети што побрзо.
Надевајќи се на подигната свест на народот, овој месец решив и јас да се кандидирам за конгресменка во нашата татковина. Го избрав регионот Тракија (Thrace). Кандидирана сум преку политичката партија Macedonian Order-United Party.


Како и во последните месеци, сите знаеме дека и овојпат ќе бидеме изложени на купување гласови за влес во конгресот, впрочем како и на секој 25-ти. Сите граѓани и идни конгресмени треба да бидат свесни дека тоа и штети на државата и не смеат да си дозволат таков пропуст. Јас прв пат се кандидирам, и ако влезам во конгресот сакам да влезам чесно и достоинствено, без никакво купување на гласови. Ако сметате дека заслужувам да бидам во конгресот, гласајте за мене на 25ти Ноември.

Полнолетна сум, доволно активна во играва, флексибилна, и брзо учам, без разлика каков систем ќе се имплементира или не во работата на конгресот. Се чувствувам подготвена за оваа функција, и што е најважно, доволно сум свесна што е добро за нашата татковина, и барам шанса на овој начин да и помогнам.

Ви благодарам на сите.
Со почит,
Princess Emily


Да живее Македонија!