[sarmetina] СРАМОТА !!!

Day 1,342, 03:54 Published in North Macedonia North Macedonia by sarmetina


Текстов нека не го читаат оние партиски полтрони.. и онака функционираат строго како владини марионети.. и онака власта им забранува да гласаат и коментираат
Останатите.. мислам дека вреди да ги чујат моите ставови


[sarmetina] СРАМОТА !!!
http://www.erepublik.com/en/article/-sarmetina-1-1828028/1/20


До сега бев умерен но денеска ќе бидам остар.
Разни гниди, сомнителни квазиинтелектуалци и само пред себе докажани воени лидери во последниве неколку дена го загушуваат секој обид на слободумните новинари да го искажат својот став.
Со партиски наредби им се забранува на членовите да ги гласаат весниците каде што се критикува власта или нејзиниот систем.
Разни кваиинтелектуалци го загушуваат најлегитимниот обид на секој поединец да побара транспарентно трошење на неговите пари.
Гневен сум, разочаран, депримиран, доведен до ситуација да го избришам акаунтот само поради тоа што во оваа наша земја не можеме никако да воведеме ред.
Играчите кои значат нешто во оваа игра молчат... Нема статија од никој од нив...
Добро ви е?
Да не ве набројувам... сите над 28 левел немате право да молчите сега...
Се согласувате со ова така?
Срамота

Претседателе...

Сакате да ја знаете вистината?
Катастрофално ја организирате војската. Сите маваат каде што сакаат. Секој најобична будала издава наредби. Мавајте ваму, мавајте таму... оваа битка ни е важна, онаа ни е важна (јас сум ваму кандидиран, па ако го изгубиме регионот, отиде мандатот)
Дневно по 5 пати се менуваат приоритетните битки и на крај пак ги губиме.

Сега онаа плукачка прејаница на власта ќе рече.... ете, само плачете... сакавте војна, а сега плачете...
Да сакавме војна... војувамвме и во претходните мандати на 5 фронта. Ама имаше раководство кое организираше... ова повеќе дезорганизира...

За секоја добро завршена работа, заслугата е само на власта... за секоја загубен регион, одговорноста е кај народот...
Не може тоа така... прифатете си ја одговорноста... признајте дека немате појма од организирање на војската и одете си... Одете си додека не е касно...
Или...
Прифатете ги сугестиите на граѓаните... покажете им каде ги трошите нивните пари.. натерајте ги да се борат за еМакедонија до последен денар....не да си одат во други држави....

Критиките од другите играчи сфаќајте ги добронамерно...
Јас немам политички амбиции.... нема да се кандидирам ни за конгресмен ни за претседател... Кој ми е ќарот да работам против земјата во која половина нација потекнува од моите акции?

Сега чекам некој полуписмен владин полтрон да ме прогласи и за предавник... и тоа ќе го доживеам нели?

Срамота

А вие пак молчете... слепо следете ги директивите на власта и игнорирајте ги статиите... тоа е... толку можете...
Мене ќе ми докажувате дека само јас мислам вака?
Не... тоа не е точно...а и сами знаете... гајле ми е мене и за партии и за претседател.. Не ја правевме оваа енација за некој да си ги лечи комплексите и фрустрациите од реалниот живот...
Прекинете да ја гушите слободата на изразувањето... прекинете по наредба да гласате статии, пред да ги прочитате... прекинете... зошто крајот е близу...
Зар треба да не окупираат па да се освестиме?
Секоја критика е добронамерна, секоја идеја вреди да се разгледа... само така... нема друг начин... НЕМА

Срамота... тоа е се што ќе остане на крајот...
Срамота... наместо заклучок...
Срамота наместо ...

[sarmetina] СРАМОТА !!!
http://www.erepublik.com/en/article/-sarmetina-1-1828028/1/20