Затишје по бурата [Princess Emily]

Day 1,467, 09:17 Published in North Macedonia France by Princess Emily

Помина 25-ти, денот кога се изборите за конгрес, денот кога сите сме преплавени од шаути преку цел ден.
- "Гласај за мене давам 10 тенка"
- "Гласај за мене давам 1 голд"

МИТО, МИТО, МИТО и МИТО!

Денес имаме официјални резултати, кој влезе кој не, некој задоволен - некој не, но најважно е сите кои влегоа во конгресот да работат за доброто на еМакедонија. Впрочем, за тоа конгресот се бира многу селективно. (Или не?)

Како што знаете, и јас имав објавено кандидатура за влез во конгресот, но за жал, не влегов.
Бев кандидат од партијата MO-UP во регионот Тракија, каде мои противкандидати беа Fellix, 14Walcott и други... тие влегоа во конгресот, честитки до нив и да работат за доброто на еМакедонија и да ја оправдат функцијата, без разлика како ги добија гласовите...
Имав 15 гласа од кои не ми беше ниту еден поткупен, ниту добиен со молење да гласаат за мене. И благодарам на лидерката и на сите девојки од мојата воена единица, и на раководството на партијата MO-UP која официјално ја прифати мојата кандидатура. Многу сум благодарна на тие кои ме поддржаа месецов за да влезам во конгресот, иако не успеав, и на истите би сакала да им дадам по неколку тенкови за поддршката која ми ја дадоа вчера.
Пишете ми кои гласавте за мене, иако од прилика знам, да ви пратам награди. Најважно е да се сочува достоинството, а не да се продавате за виртуелен глас.

Ви благодарам уште еднаш на сите кои ме поддржавте.

Со почит,
Емили
o7