Тим и Проекти - ЦП Кандидатура [PESCANECOT]

Day 2,510, 02:51 Published in North Macedonia Ireland by StrongeRR

Здраво драги мои еМакедонци и еМакедонки,

ова е последната и најбитната статија од мојата претседателска кампања, во која сакам да ви го претставам тимот со кој што ќе работам и проектите врз кој ќе работиме.

Прво накратко ќе ви претставам како се одвиваат и ќе се одвиваат работите доколку јас станам ЦП. Гледате дека почнува да се зборува за нови сојузи. Оваа ситуација ќе ја искористам за Македонија да заземе што подобра позиција во еСветот. Но, тоа не значи дека ќе ја напуштиме Аурора, во никој случај, нашите вистински пријатели се таму, ако случајно некој се посомнева во тоа само нека се присети наназад низ месеците кој најмногу ни помогнал за конгрес и територии.

Да не си правиме бајрам со мозокот, дека ни дале конгрес и не задоволиле со то. Требало да ни помогнат да се ослободиме во оригиналните итн... Заборавете, имаме прејак државен непријател, јужните соседи. Колку и да сакаме да се ослободиме без некаков си НАП со нив или нова прераспределба на силите во еСветот џабе е. Не сме моќни да војуваме со нив постојано за тие да се откажат од нашите територии и нашите даноци.

Затоа кажав дека во мојот мандат ќе се работи исклучиво на дипломатија.

Тим и Проекти:

МОФА

Ќе започнам од МоФА тимот, кој е еден од најбитните.
МоФА тимот ќе го водиме јас Phantom MKD и Severrus Snape.

Phantom MKD е еден од најуспешните претседатели во еИсторијата, а Severrus Snape е тековен МоФА и нормално најдобро тој знае како стојат работите и затоа ќе треба да биде тука за да не воведе во надворешната политика.

МОД

МоД тимот ќе го води Aminta Makedonecot, стар, добар и искусен играч, одличен предводник на една од најдобрите единици МТО.

Овај тим нема да служи само за време на наши битки, туку ќе се организираат удари секој ден или два и ќе се удира јако за сојузниците или некои земји што треба да ги придобиеме на наша страна, така ќе покажеме дека и во нас има damage.

МЗИ

Министерство за информирање, како што најавив претходно во мојот мандат ќе има доста статии, сите навремено ќе бидете информирани за случувањата наоколу.
Министер за информирање ќе биде NomadMKD, ако ги погледнете неговите последни статии ќе видете зошто го избрав токму него.

МЗЗ

Во министество за здравство во мојот мандат ќе има измена. Нема да се дели храна, туку ќе се направи приоритетна листа на играчи на кој им фали голд за да ги надоградат теретаните. Каде ќе најдеме пари? Пари немаме! 😃 Но, според приоритетната листа, секоја недела ќе се објавува статија за донации за помош на двајца или тројца, каде што сите ќе им донираме кој колку можеме да им помогнеме. Знам дека има многу играчи што имаат вишо ЦЦ но никој не сака да вложува во никого од страв дека парите ќе одат во некое мулти итн. Затоа ќе се направи приоритетна листа, врз база на критериуми. Од нас за нас.

Министер за здравство сеуште немам најдено, па оставам слободно кој сака да се нафати со оваа работа да се пријави.

Совет

Совет ќе биде тимот што ќе помага во креирање на политиката на еМКД. Во советот ќе бидат вклучени сите командири на активните единици, претседатели на партии и стари искусни играчи.

Конгрес

Доколку добиеме конгрес, ќе се договориме со претседателите на партиите, тие што ќе бидат конгресмени 4 од 5те голд што ќе ги земат да ги донираат за еМКД, дали за АС, МПП или ЦО. Од нас за нас.

АС

Една од првите работи што ќе ги направам е полнење на АСот. Не да го искористам, туку да биде спремен. Не знаеме кога и како ќе ни затреба. Добро е да го имаме спремен. lazarosaMKD се грижи околу оваа работа, ама добро би му дошло и нему малку помош. Секоја чест за него и неговиот труд изминативе месеци.

Секој што сака да учествува и да помага во мојот мандат слободно нека се пријави. На министрите им оставам избор да си направат свој тип кој ќе им помага.


Драги мои генерално тие се работите врз кој ќе се фокусирам наредниот месец, доколку ја добијам вашата доверба и ме изгласате за ЦП.

Секогаш сум сметал дека ова е игра, треба да ја играме, да се дружиме и забавуваме. Нема што да изгубиме, кога ќе го исклучиме ПЦто останува само пријателството и другарството стекнати од оваа игра. Затоа ве повикувам сите во наредниот месец да го дадеме максимумот, да си помагаме едни со други, затоа што заедно сме посилни. Од нас за нас.

Поздрав и нека победи НАЈДОБРИОТ!


секогаш со вас,
PESCANECOT


Моја кампања:
ПРЕТСЕДАТЕЛСКА КАНДИДАТУРА!
Мојот Живот и еЖивот - ЦП КАНДИДАТУРА
Тим и Проекти - ЦП Кандидатура