Неколку работи [PESCANECOT]

Day 2,259, 04:42 Published in North Macedonia Ireland by StrongeRR
Статија бр.4
Ден 2,259


Здраво еМакедонци и еМакедонки, деновиве пратам цело време што се дешава во еМКД и не можам а да не напишам ништо, па затоа се решив да ви кажам....

....неколку работи:

1.F**OM
2.Нови сојузи
3.Натпревар




1. F**OM !

El Che пред неколку месеци имаше пишано токму за оваа работа цела статија, толку многу паѓаме на провокации од другите играчи и толку многу сме слаби на тоа F**OM. Зошто?
Јас се викам Никола, а другите можете да ме викате како сакате, на работа ме викаат Уста(пешчанска xD), некои од другарите Коле, битолчаните Никуч, некои Николе. Ама јас знам дека сум Никола, и ништо друго не ме вреѓа. Другите можат да ме нарекуваат како сакаат, дури и да е некој грд збор, нема да ме навреди.

Шо сакам да кажам, ние сме МАКЕДОНЦИ, нашата татковина се вика МАКЕДОНИЈА и зборуваме МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК!

Е сега другите можат да мислат и да зборуваат што сакаат за мене и за мојата татковина, ама мене тоа нема да ме навреди, пошо ние си ја знаеме вистината.

Од друга страна, само ние ја играме ИГРАТА врз основа на историјата и реалниот живот, а не ја играме за да се забавуваме и да стекнуваме нови пријателства и познанства.

На крајот на краиштата, се нервираме на некој што извадил некој си дел од Вики, кај што секој може да пише шо сака, и таму нашол дека Македонија и Македонците не се Македонци, паднати се од Марс.. бла бла бла.. и почвиме по автоматизам и ние одма да ваѓаме статии и извадоци кај шо го пишит спротивното и тука почнуват се..

Престанете да се замарате со тоа кој како не нарекол, големи крастајци ако ме нарекле F**OM или како било, играјте ја играва за забава и за стекнување на нови пријателства и ширење познанства.



2.Нови сојузи:

Кога сме кај новите сојузи, кој секојдневно ги коваат нашите еПријатели и еНепријатели, а ние седиме и само си троламе, многу очигледно е дека пак ќе си останеме сами и окупирани уште многу долго време.

Немало со еПолска, поради шо на секое не нарекувале F**OM (пак она од горе), немало со еСрбија пошо и тие не нарекувале така, и дека ни го свртеле грбот и заминале со еГрција (чиста дипломатија, интерес, политика) само ние не знаеме тоа да го напрајме. (да ве потсетам на полскиот тоалет, косово не е српско и сл, како ние боцкавме)
еЧиле си завзеде страна со еПолска, еден од нашите најдобри сојузници почна да си прај пат за напред. МПП со еАргентина и така натаму.. Аргентина пак, од друга страна се многу блиски со еГрција, па кога ќе видиш, за некое време можно е и со еЧиле да застаниме на спротивните страни... горе долу вака се деси и со еСрбија пред неколку месеци...(другите не ги коментирам пошо не сум целосно во тек, зборам само за тоа шо го знам)

Летаме многу високо и чекаме да добиеме покана како ние да сме некоја веле сила, и сите запаѓаат по нас.

Да престанеме да градиме сојузници и сојузи, врз основа на F**OM и еМинатото, да гледаме само напред и со ладни глави, да заборавиме на минатото, ако сакаме да постигниме непто во играта, доколку не јбг. Ќе си останеме со она нашето и најакото - тролањето!



3.Турнир

Во врска со турнирот, сакам само да апелирам до играчите од помалите дивизии, Д1-Д2-Д3 да не пукаат, да не левелираат за џабе за некој си безвезни награди, моментално на играта ништо не е повредно од тоа да имаш 10-15к сила во Д1 или 25-30к сила во Д2 итн...
Баталете го турнирот, не се трошете за џабе.


Поздрав,
PESCANECOT



-ШАУТ-
Неколку работи [PESCANECOT]
http://www.erepublik.com/en/article/-pescanecot-1-2367079/1/20