Македонска Цивилна Армија [MOD]

Day 1,413, 08:24 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Odbrana

Драги граѓани на еМакедонија

МОД тимот повторно со новост, итоа ова е втората новост веќе за еден ден! Доказ дека работиме напорно за издигнување на воениот дел на еМакедонија кој пак е најважен во играва и сакаме да го издигнеме на највисоко ниво! Да преминеме на главното!

За што се работи?!

Админите направија многу добра измена пред неколку дена, каде во Воените единици ставија опција да може секојдневно да се да се даваат награди доколку се исполнат мисиите... тие награди се 1 базука и 1 чоколатце!
Цивилите од секогаш биле важен ден во армијата на секоја држава и ако се успее тие цивили да се насочат кон една цел... војската може да стане и непобедлива!!! Затоа би ве замолил да ја прочитате оваа статија многу внимателно!
Веднаш по измената многу единици се вклучија и ги отворија вратите на цивилите и многу сме им благодарни за тоа затоа што излегоа во пресрет додека да може државата да организира систем со кој дополнително ќе помага на цивилите... ТОЈ СИСТЕМ Е ВО ОВАА СТАТИЈА!!


Идејата!

Значи како што споменавме погоре, државата ќе излезе во пресрет на цивилите итоа со дополнителна награда освен таа што е дадена од чичко Плато!

НАГРАДАТА ЌЕ БИДЕ 2 ТЕНКА ЗА ТИЕ ШТО СЕ ПРИСУТНИ ВО ОВАА МУ, НО ТРЕБА ДА НАПРАВАТ НЕШТО ЗА ДА ЈА ДОБИЈАТ ТАА НАГРАДА!

Што треба да направите? Треба да се даде само print screen и сега ќе ви покажеме во кој стил да биде тоа направено преку една слика на која е се објаснето:


Со црвено е обележано што е важно да се гледа на сликата!

Значи ќе се направи дополнителен формулар на кој ќе треба да се прати сликата и да се добие наградата од 2 тенка од страна на државата!

ЦИВИЛИ ТРЕБА ДА АПЛИЦИРАТЕ ВО ОВАА ЕДИНИЦА - http://www.erepublik.com/en/main/group-show/1044

Исто така како и претходниот предлог и овој предлог ќе има простор да се разработи како што треба и да го усовршиме што е можно повеќе!

За крај ве молам сите да ја шаутирате оваа статија затоа што е важно и треба да биде видена од страна на цела еМакедонија!