М.О.С. - [Mehandzijski]

Day 1,457, 10:41 Published in North Macedonia Chile by Mehandzijski
МОС - Идеја,Организација и Поинтересно играње!!!!!!!!


МОС - (МакедонскиОружениСили) Постои веке подолго време,ја создадовме група на луѓе кои сакаа да подобрат нешто и во политичкиот модул на играва но и да направат играва да биде поинтересна за сите во секој аспект!
Партијата МОС имаше голем успех по нејзиното креирање - имавме голем број на конгресмени но имавме и добро искуство на запознавање помеѓу себе,другарување и креирање на кадар кој зазема место во некои од поуспешните влади во еМакедонското политичко минато!

Да не должам многу ова нека биде моја презентација како нов Партиски Претседател - ова ми е веке четврти мандат како претседател на МОС,првиот пат кога бев претседател на МОС доживеавме огромен успех и имавме скоро 45% од конгресот на еМакедонија а следните 2 пати апстиниравме од секаква политичка активност во еМакедонија и тотален бојкот на еМакедонскиот конгрес во најголем број поради купување на гласовите и нефункционалноста на самиот конгрес како валидно и доблесно политичко тело.Да до сега така функционираа политичките партии - можете да донесете свои 20 гласа и да станете дел од партија без никаква одговорност ни санкција од партискиот претседател - МОС така нема да функционира,имаме јасен политички модул за кој ке гарантираме со нашето име и нашите дела а се надевам дека оваа програма ке ги натера и останатите политички партии да размислат како ке настапат во наредните конгресменски и претседателски избори.
Прво сакам пред сите вас да ја претставам програмата при што ке ве поканам да станете сите дел од МОС!
Нашата нова програма се состои од два дела: - политички и воен !

Политичкиот дел се однесува на сите воени единици а воениот се однесува на сите членови на партијата,малку изненадувачки можеби и не логично но по образложениево се надевам дека ке ви се допадне идејата и ке станете горд член на МОС партијата!
Во политичката програма основа или столб за сите нови идеи,конгресменски избори,партиски и претседателски кандидирања ке има Советот на МОС кој ке биде составен од по два члена на секоја воена единица.Во Советот на МОС неможе да членува цивил бидејки воените единици се основата на постоењето на МОС! - покрај заветот за доблесно избирање на кандидатите за конгрес кои нема да плаќаат за своите гласови се обврзуваме и секој следен мандат за бирање конгрес и претседател да излеземе со објава на наша програма која ке биде во реална и спрема дадените случувања во еПолитичкиот живот на еМакедонија----ПОДЕТАЛНО ЗА ПОЛИТИЧКИОТ ДЕЛ ВО ПРЕДИЗБОРНИТЕ КАМПАЊИ НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ И КОНГРЕСМЕНСКИТЕ ИЗБОРИ!!!!!

Воениот дел на нашата програма не само што е нешто ново во партискиот еЖивот туку и е освежување за сите членови на партијата,идни и сегашни - Воениот дел ке биде воден од претседателот на партијата и замениците кои тој ке ги постави како свои луѓе,секој претседателл ке си има свој тим кој ке го работи воениот дел од партиската програма!
Како МОС - (МакедонскиОружениСили) јасно е дека поголемиот дел од партијата ке бидат војници но секако нема да одбиеме и цивили,нивна придобивка во наредниов период ке биде што со нивниот инфлуенс ке им биде дозволено да придонесат не само на својата татковина туку и на својата земја.Ние како раководство ке организираме анкета која ке биде доставена на сите членови на МОС каде што тие ке бидат запознаени со еден термин за удар кој ке биде платен од МОС.Плаќањето ке биде на следен начин,10 000 инф - 1 тенк,100 000 инф 10 тенка 200 000 инф 20 тенка и така понатака,значи секои 10 000 инф ке бидат платени со по еден тенк.
Како МОС ке имаме заеднички термин на удар,никој нема да биде одбиен,на терминот единствено правило за удар е да бидете член на политичката партија МОС !!!!!
Ке се даде можност на сите,секој војник ке пополни даден формулар за сила и удар и според истиот формулар ке му бидат поделени тенкови.По завршувањето на ударот секој војник припадник на МОС ке мора да пополни формулар во кој ке го постави својот принт скрин и ке покаже дека мавал на наредба како вистински војник!!!!

МОС (МакедонскиОружениСили) е формирана за вас,да покажеме дека и еМакедонија има доблест и чест,да покажеме дека и еМакедонија има војска која има сила не само да се одбрани туку и да нападне и да освои,да победи и да помогне на победените да се повратат во јаки сојузници.
После обемниов текст само да додадам и дека се надеваме дека ке ја подобриме играва во насока на поубава дружба бидејки во последно време сме сведоци на опаѓање на еМакедонските граѓани и од голема империја нашата судбина е се понејасна и се подолна во границите на успехот!!!!
Стани и ти член на М.О.С.

Голем поздрав до вас Брака еМакедонци - запомнете за еМакедонија сме тука,за неа живееме како еграѓани на еРепублика и за неа умираме како еМакедонци!!!!!!!