[Martin Tashkoski]Кандидатура за конгрес!

Day 1,464, 05:27 Published in North Macedonia North Macedonia by Martin Tashkoski

Почитувани Македонци и Македонки

Доаѓаат нови избори на кои ќе се формира Македонскиот конгрес. По успешниот изминат месец во конгресот, одличната соработка со останатите членови кои беа од различни партии и атмосферата која владееше овој месец, целата коорднираност со владата и претседателите ме натера повторно да се кандидирам.

Досега бев 3 пати член на Македонскиот конгрес, еднаш член и во Јужна Кореа но тоа е пред додавање на Македонија, така да можам да кажам дека имам доволно искуство во ова поле 🙂

Секогаш кога постои слога и сплотеност помеѓу Македонците дава резултат. Сведоци сме на одличните реакции на членовите на конгресот кога станува збор за поднесување на експресен закон кој е екстремно битен за понатамошните наши потези. Да не постоеше одлична соработка немаше да бидеме повторно во предност во однос на јужните (за тоа специјална благодарност до Котеска).

Претседателката на конгресот за овој месец излезе и со извештај за секој од членовите посебно па можете слободно да ги погледнете резултатите тука

Епа драги сограѓани доколку сакате повторно одлично функционален конгрес којшто секогаш работи за доброто на нашата држава гласајте за Мартин Ташкоски регион Најран, партија ОеМ.

Поздрав и секое добро браќа и сестри

ЗА ШАУТ:
[Martin Tashkoski]Кандидатура за конгрес!
http://tinyurl.com/cqlup95