[MзО] Обајава на Министерството за одбрана

Day 1,424, 12:26 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Odbrana

Во текот на денов беше извршена детална проверка на единиците на egov4you.info и беа забележани голем број на неправилности. Некои единици добиваат значителна предност од играчи кои не се членови на нивните единици (кај некои таа предност стига и до еден милион инфлуенс). Тоа им овозможува да добиваат рефунд кој не го заслужуваат на сметка на други единици. Заради тоа се дава рок до утре наутро (15.10.2011) сите единици да ги средат списоците на egov4you.info .

Тогаш повторно ќе се проверат списоците и ќе се споредат со реалната ситуација во единиците, и сите оние кај кои ќе се забележат истите неправилности ќе бидат отстранети од рефунд системот на неопределено време.

Со истата проверка беше забележан и уште еден голем проблем. Според egov4you.info во македонските единици членуваат преку 1000 војници. Во текот на вчерашната исклучително тешка битка, па и во текот на денешната на ниту еден канал не се собраа над 100 војници, ДУРИ ни кога се делеа тенкови. Мора да се зголеми активноста на војниците доколку сакаме да ги добиваме таквите битки. Тие што беа присутни беа сведоци дека во рок од 10-тина минути на канал за удирање се собраа околу 200 српски војници. Тоа не е толку резултат на бројност туку на дисциплина, и токму тоа треба да го подобриме.

Трет проблем е неактивноста на командантите на единици на Генералштаб, што можеби е причина за неактивноста и на војниците. Самата игра овозможува да се назначат 2 заменици и дополнително капетан на секоја регимента во МУ, што се повеќе од доволно луѓе за да се обезбеди постојано присуство на Генералштаб со претставник од секоја единица која е опфатена во рефунд системот.

Назначени се играчи кои ќе ја проверуваат активноста и на Генералштаб и на армиските канали, и доколку се забележи исклучителна неактивност од некоја единица која е дел од рефунд системот исто така ќе следуваат санкции.

Министерство за Одбрана