СИТЕ во ГЕРИЛА!! ПРОМОТИВНА СТАТИЈА. [lazarosaMKD]

Day 1,998, 07:44 Published in North Macedonia North Macedonia by lazarosaMKD
петок, 10 мај 2013
статија бр.127







Македонци,

многу ретко го користиме герила модулот (30 до 50 души/дневно), според моите искуства во битките треба исклучиво со герила да се бориме а зошто ќе кажам со мојот пример.

Ударот без ПН бонусот ми е околу 50 000. Имам 700 магацин за здравје значи вкупно 1400 здравје најмногу со ФФ можам да удрам и со 140 удари да направам
7 000 000 штета.

Откако почнав да се борам со герила правам од 12 000 000 до 13 000 000
а рекордот ми е 16 607 162 штета со ФФ.



Поентата ми е дека со истите играчи, со истите ресурси со кои располагаме можеме да правиме од 20 до 70% повеќе дневна штета.


ОСНОВНИ ПОДАТОЦИ

За да влезеш во герила модулот треба да направиш 5 убиства со обично тепање.

Претходно го опремуваш војникот, еве како изгледа герила магацинот и како се доаѓа до него.







Откако си направил 5 убиства, се појавува зеленото поле. Кликаш на него и играта ти бара противник, обично се чека 10 до 30 секунди.

Напомена:
- Треба да имаш минимум 100 здравје.
- Не можеш да се бориш во герила модулот ако барем едната страна (од државите) има над 1400 поени.




Во герила борбата имаш 20 потези (да речеме како во шах..) а за секој потез можеш да направиш едно од следниве:
- Пукаш.
- Се движиш.
- Бараш засолниште за да го избегнеш непријателскиот оган. Ако имаш бомба, ќе биде употребена. (може да се засолниш и ако немаш бомба)
- Го полниш оружјето.
- Сменуваш оружје.





При герилата треба да внимаваш на:
- оддалеченоста од противникот
- идеалната употреба на оружјето
Mx3 Storm Pistol има најмногу % шанса да погодиш на 100 метри растојание.
S1 Storm Shotgun на 175 метри.
ER15 Storm Rifle на 325 м.
M3R Storm Precision Rifle на 700 метри.
Type X Sniper Rifle на 750 метри.


ИСКУСТВА

- Неретко добивам противници испод 100 сила. Обично завршувам со 90 до 100 здравје.
Ако сум потрошил 50 здравје за 5-те убиства со базука и да речеме вкупно 60 здравје а сум направил околу 1 050 000 штета.
10 здравје или 1 удар му доаѓа 175 000 штета а со обични борби ударот ми е 50 000, разликата е голема.
Ако сум потрошил 150 здравје за 5-те убиства (30 здравје за 1 убиство) и да речеме 160 здравје или 16 удари за 1 750 000 штета (15 * 50 000 + 1 000 000 за победата) тогаш просекот е 109 375 штета.

- Се случува противникот да ја напушти борбата.
Ако ја напуштил пред воопшто да почне тогаш добиваш за награда штета како да си потрошил 200 здравје со q7 оружје со обично тепање а не си потрошил воопшто здравје.

Ако ја напушти во сред борба, добиваш за награда 200 здравје со q7 оружје штета а здравје си потрошил онолку до моментот додека не си заминал противникот.



ПРЕПОРАКА

Бидејќи знаеме дека просечниот играч е шворц со средства и не може да си дозволи снајпери, бомби и слично, да гледаме најпесимистички дека ќе влезе во битката голорак и дека ќе изгуби 100 здравје, тој сепак ќе направи штета како да се борел со q7 оружја значи нема потреба да висите по канали за да добиете тенкови и слично. Значи од старт имаме дупло штета од играчите кои се борат без оружја во битките.

Иако немаш пари за бомби, често пати доволно е и само да се засолниш без бомба значи беспари и противникот да утне макар се борел со оружје за кое платил 0.09 златници и на идеална оддалеченост.

Играва за да не се чека за противник многу (порано се чекаше и по 10 минути) дава за противници и играчи што се тепаат во други битки така да можеш да добиеш противник од релативно пријателски земји и на некои доволно им е да останат со што повеќе енергија па може едниот да бега другиот да го брка и така да се потрошат тие 20 потези и двајцата противници да останат со 90 до 100 енергија (но сепак еден мора да победи..)
Ова се случува и со противници од непријателски држави, едноставно едниот одбрал S1 Storm Shotgun за почетно оружје а другиот Type X Sniper Rifle а двајцата се наоѓаат на некое меѓурастојание кое не му одговара на никој и едниот настојува да се приближи другиот да се оддалечи и никој не попушта 15-тина потези.


Така да сакам да ги охрабрам македонските играчи да се борат со герила, добиваат тие повисок ранк и побрзо земање на ранк поените, добива и државата зошто ќе правиме повеќе штета со истите играчки ресурси со кои што располагаме.

И за крај од статијава, 50 те македонски играчи со најмногу герила победи и 50 те играчи воопшто со најмногу победи.