Кандидатура за претседател II дел [Crash And Burn]

Day 1,811, 10:30 Published in North Macedonia Chile by Crash and Burn
Драги еМакедонци,

Оваа статија е продолжеток на мојата кандидатура. Првиот дел може да го прочитате овде: http://www.erepublik.com/en/article/-i-crash-and-burn--2148058/1/20

Се надевам дека со оваа статија ќе ви доловам дел од целите и плановите на оваа влада, визијата за еМакедонија која ја имаме, како и тимот кој треба да ја оствари.

Знам дека некои се прашуваат зашто волку доцна, но искрено сакав да се случат некои работи за кои имав најава, пред да ја пуштам статијата. Едната од нив беше влезот во ЦОТ, а другата за жал уште не е остварена, па ќе оставам за понатаму да биде коментирана.


Проценка на тековната ситуација и очекувања за наредниот месец (воена ситуација):



На мапата е тековната ситуација во која се наоѓа еМакедонија. Како што сите гледате не сме во некоја најзавидна ситуација. Во претходниот период како што можевме да видиме, ни фалеше целовкупна координација, јасни цели кои би ги постигнале и највеќе финансии. Се најдовме во ситуација сите да пукаат против нас, трошејќи многу средства, средства кои ние ги немавме за да парираме. За да се поправиме финансиски се решивме за постабилни 7/10, кои како што гледате, не не оставаат така лесно да ги постигнеме. За жал и околната ситуација не е многу подобра, во која сите околни земји се релативно истрошени од обемните војни.

Што ова значи за еМакедонија и за нејзината иднина? Па реално има повеќе варијанти. Јас ќе ви кажам што јас очекувам во блиската иднина. За подалечната за жал ми се скрши кристалната топка, па не можам да ви ја соопштам (мала шала).

Првите неколку денови планот е да се потпише мир со Франција бидејќи меѓусебната војна не ни одговара воопшто. Наредно би било зачувување на моменталните територии во Италија, како и врзувањето на териториите во Албанија и Црна Гора (не и со Италија) со што би добиле стабилност. После ова ни самиот не знам, ниту би ви ветувал ништо грандиозно, бидејќи сепак се работи за стратегија и нашата ќе треба да се покаже како поуспешна во однос на другите, пред да продолжиме.

Надворешна политика:

еМакeдонија сега официјално дел од ЦОТ со задржан пакт со Србија и Унгарија. Тоа ни овозможува конечно во подолго време да сами одлучуваме за својот пат, притоа не жртвувајќи ги старите пријателства за лични интереси, како што тоа го прават некои земји (нема да ги именувам).

Во наредно време на овој план намераваме да ги зацврстиме пријателствата кои постоеа, како и да оформиме нови. Јас се надевам дека некои мои поконкретни планови брзо ќе се реализираат на задоволство на сите еМакедонци.

НБРМ:

Поради многуте обвинувања за кражби и малверзации кои постојат веќе подолго време, во план ми е да воведам нов систем за НБРМ, при што би имало транспарентност на парите како и да се намали можноста било кој претседател да може да ја украде НБРМ. Поради тоа овој мандаат нема да има класичен министер за економија и НБРМ. Првичо пристап ќе имаат само двајца луѓе, додека се воведе тој систем. Него нема да го објаснувам тука, само ќе напоменам дека сите партии во МКД ќе видат вклучени и на тој начин ќе избегнеме нетранспарентност и беспотребно тролање. Евиденција во меѓувреме ќе има комплетна на посебна страна достапна за сите, а работата со парите ќе биде во координација со советниците.

Државна Армија:

Да, фамозната државна армија. Сите кои досега се нашле во ситуација да бидат во тек со настаните, ќе сфатат колку ни е потребна. Првиот обид за најзино формирање, за жал беше неуспех. Зошто, како, нема да коментирам. Се надевам дека сме научиле од таа лекција и овојпат ќе успееме. Да се знае само дека државната армија нема да ја туркам по секоја цена и ако проценам, ќе се рипне и овој месец, но реално би сакал за заживее во првична форма и да биде од корист на МКД.

Воведување на ново министерство:

Веќе подолго време нашиот конгрес е за жал далеку од она што еден конгрес треба да биде. Постои тотална дисхармонија внатре, но за жал и надвор од него особено кон владата. Конгресот треба да е во координација со владата, да ја информира ако смета дека се прават грешки и да ја поддржува во спроведувањето на одлуките.

Од друга страна, имаме ситуација каде секој секогаш може да добие државјанство, иако е најголем душман на МКД, дали поради незнаење, дали поради неинформираност, иако обраното никогаш нема да се случи во некои држави.

Целта на ова министерство е да ја координира имиграцијата (внатре и надвор), како и да овозможи бепрекорна комуникација влада конгрес и обратно, за задоволство на сите.

Има и други планови, но дел сметам дека не се за пред непријателите, а другите се преобемни или незначителни во однос на претходно наведените.

Владин Тим кој треба да биде поддршка:

Премиер: Stole Lazarov
Министерство за внатрешни работи и одбрана (МОД): BucephalusIII
Заменици: Unistivac.MKD, TRTE T, Makeodnija ne Македонија,
Chazzspaz(Lovika)

Помошници: hk-enfisk(IRC:Mile, да нема забуни) , Stef40,
Smarterko, Stole III Makedonski, NooooBooooT, Mirce_mak, Vojnes,
PukniUmri, angel83, Manolo M, ZecOrigins


Министерство за надворешни работи (МОФА): BlackMK
Заменици: TashaMKD, DKUKUSEV

Министерство за образование и информирање: Ivan3232
Министерство за здравство: TashaMKD
Заменици: Aexil Kong Junior
Помошници: The Best89

Министерство за финансии и економија: Нема да има. Реформи во овој дел.
Министерство за имиграција и координација (ново): Wendy Power

Советници: El Che G, Grand Admiral Kristijan, Bojan AKA T-Mac, Macedonia Strumica, mane komita
Пристап до НБРМ: Crash and Burn, Stole Lazarov

Академија ќе постои и во неа ќе има и други советници, покрај горенаведените.

Знам дека оваа статија не е доволно да ви долови се што сакам да постигнам, ниту е на никаков начин гаранција за успех, но сепак би бил презадоволен ако ми ја дадете вашата доверба.

Со Почит,
Crash and Burn