Зборови за тебе... ♥

Day 1,695, 06:14 Published in Slovakia France by Princess Emily

До денешен ден е дискутабилно дали луѓето имаат однапред нацртана судбина, односно дали предодреденоста ни е доделена уште пред нашето раѓање. Моменти од нашите животи ни покажуваат дека тоа навистина може да е така. Но, постојат мигови кога се чувствуваме препуштени сами на себе, како нашиот животен пат да е обвиен со сенка, а секој следен момент е неизвесен. Допуштањето на стравот да владее е целосно недозволиво. Таму некаде, повторно се наоѓа светлина која ќе ни го разубави животот. Само надежта е таа која не води, без неа ние луѓето би биле изгубени засекогаш. А без соништата би немале причина за борба.

Најубавите нешта во животот доаѓаат неочекувано. Истите ни ги разубавуваат деновите, и не потсетуваат на причините поради кои вреди да се живее. Будењето на прекрасни чувства е тоа што не преродува, и ја вселува радоста во нашите срца. Токму тие моменти се оние кои вредат, и се паметат целиот живот. "Животот не се мери со бројот на вдишувања, туку со моментите кои ни го одзеле здивот". Ниедна, ни тешко достижна цел, не може да донесе толку големо задоволство и радост како емоционалните случувања. И повторно, некои нешта се случајни, но некои нешта се судени... доаѓаат непредвидливо, сосема невино, но оставаат длабоки траги во егзистенцијата на една личност. Тоа се траги во кои ја согледуваме некогашната радост, светлите точки во нашето минато за кое во ниеден момент не смееме да се каеме. Завршиле, но спомените ќе останат засекогаш врежани во нас, и ќе бидат дел од она што сме денес. Среќни спомени, кои секогаш ќе можат да измамат насмевка на нашето лице.

Едно од најубавите нешта е љубовта. Измислена од Шекспир, прифатена од жените, искористена од посилниот пол. Чувство околу кое се поврзани многу мистерии. Само состојба на умот. Состојба која дава необјаснив занес и ја одзема можноста за рационално размислување. И сепак, се доаѓа од мозокот, не од срцето, иако тоа е симбол на нештото што се нарекува љубов. Во денешно време потценето, но сепак предизвикува потаен копнеж за достигнување. За пронаоѓање на вистинската личност, за вашата друга половина. За личноста која целосно ве надополнува во самите основи на вашите човечки битија. За споделените моменти кои остануваат целиот живот. Кои ви ја донесуваат радоста, и ги оправдуваат жртвите. За мигот кога нејзините очи ќе ви кажат дека таа е вистинската, а сретнатите погледи ќе ве уверат дека вашата судбина е покрај неа. Кога се што посакувате е да бидете во нејзините прегратки, на кое било место.
Благословени се тие луѓе кои ќе ја најдат вистинската личност...


Посветено