Македонија и eRepublik порано и сега

Day 2,848, 03:50 Published in North Macedonia United Arab Emirates by LuCy MK

Како што многу од играчите ја напуштија играва или пак се укл. од време на време така и јас, па затоа овоа мое неодамнешно враќање ме натера да напишам еден текест за тоа како беше порано како беше актуелна играта.

Во ноември 2010 Македонија за прв пат имаше свој Претседател на изворите. Битката се водеше помеѓу United Macedonia и бугарскиот играч TaHrpa.
Бугарија во тоа време сакаше да ја преземе контролата над Македонија со тоа што ќе имаше свој Претседател и со тоа да не и дозволи на Македонија да се развие во исклучително јака земја.

Победата на United Macedonia беше со доста голема разлика 1032 наспроти само 65 гласа за TaHrpa

Во декмеври 2010 во Македонија се случуваат следни Претседателски избори.
За овие избори има 3 кандитати
United Macedonia
thedragon
Darklover
На изборите повторно победува со убедливи гласови
United Macedonia

Во ова време негде почнав да ја играм оваа игра имав стар ацц и во тоа време бевме во војна со Бугарија.





Како што можете да видите на сликата пукавме без оружје бидејќи во тоа време беше доста скапо за нашиот џеб 😃

Од државата се делеше само на појаките играчи мислам дека Q3 оружје 😃

По ова се сличи најголемиот наплив на играчи од Македонија поради еден прилог на играч кој беше доста моќно претставен и привлече нови играчи, а тоа во тие моменти и беше најпотребно на Македонија.

https://www.youtube.com/watch?v=OkKW35b_9jA
(Copy па потоа Paste на линкот за да можете да го видите видеото)

Некој стари играчи кој ќе го видат видеото ќе им текне на нивниот прв ден кога почнаа да играат.

Во тоа време бевме многу здружени се собиравме по канали се правеа стратегии како да се влезе во војна со Бугарија па можам со сигурност да кажам дека сум била и по 4 саати без престан присутна на каналите и активно сум била вклучена во борбите против Бугарите.

Во тоа време сите помагаа сите сакаа Македонија да биде што поголема по територија да освои што повеќе ресурси.

Па драги мои доволно е како вовед ова доколку сте заинтересирани за да направиме понатамошна ретроспектива ќе одвојам време и за нова статија со подобри слики и повеќе детали.

Позз LuCy

Македонија и eRepublik порано и сега
https://www.erepublik.com/en/article/-erepublik-1-2549640/1/20