Востанија - за, против и нешто плус [DedaNoe]

Day 1,355, 12:16 Published in Spain North Macedonia by Apokalipto


На прапочетокот на играва да се дигне востание требаше да се има солидна сума на злато зависно со колку жители е населен еден регион, цените се движеа од минимум 30 злато (колку што најмалку имам видено) па се до 1300 злато... Бројот на востанија кој можеа да се дигнат во една држава (од региони освоени од една иста држава) беше неограничен пр. Словенија во една вечер имаше 9 востанија од Италија и ги изгуби сите па така не ја доврши акцијата за целосно освојување.

Ама мина тоа време бидејќи и заработувачката од востанија т.е поебано злато за дигање на едно востание - беше премала, востанијата беа луксуз, па во меѓуврем би економска криза и пренатрупаност на монетарниот пазар со локална валута и админите смислија фин начин како дел од парите да "одат" во дупка и со тоа - најверојатно да го стабилизираат монетарниот пазар - имено да се дигне востание потребни беа 10.000 пари од локалната (валутата од државата за која го дигате востанието) и со преселба во регионот во кој сакате да го дигнете ја добивавте опцијата да го дигнете. Во исто време воведено беше и правило да се дига само едно востание од една поробена држава пр. Италија со поробени 8 региони има право да дигне само едно востание на Македонија т.е регионите освоени од Македонија - и со тоа се стави мал баланс на силата...

Е арно ама пред некој ден бевме почестени со една нова измена која подоцна претрпи и друга измена* - имено, за да дигнеш востание во некој поробен регион ти беше потребно државјанство од тој регион и САМО 1000 пари од локалната валута со тоа што истото востание може да го дигнеш со плус 9 другарчиња и со евентуална победа сите да позлатитите ем со медалче ем со +5 златце на акаунтот (* АМА ова очигледно не одговараше на EDEN кој со ова изгуби многу т.е единствениот негов начин на борба - востанијата, се јави потешкотија да се најдат по 10 души со некое државјанство од земја која одамна се изгубила) и стигаме до измената на измената која вика дека востание може да дигне СЕКОЈ кој има 1000 локални пари од регионот кој сака да го "ослободи" со едноставно притискање на "support" копченцето кога се наоѓаш во регионот во кој сакаш да дигнеш востание.

И што добивме со ова? - НИШТО.

Добивме само куп беспотребни востанија пуштени од попаленковци кои мислат дека востание било кога пуштено против било кого само од себеси ќе се победи т.е кај него ќе светне медал4ето. Добивме куп тролови кои се организираат да дигаат востанија каде стигнат и кога стигнат... притоа не прашувајќи никој дали треба или не... кога викам дали треба - истото е со причина - со секое дигнато востание (неорганизирано) се прави комплетна деорганизација во воениот потенцијал - дел од војската самоорганизирана (или потплатена од стискачите на копчето) се сели во регионот и наместо нејзината штета да ја насочи во потребна битка ја одлева во ДУПКА.

Искрено во играва сум видел и сум прочитал секакви таленти*, ама толкави телетабиси* кои сами си дигаат востание во главниот град за во чија преселба имавме судни маки (за да ја видите цената на преселбата отоворете мапа) не ни мислев дека има. Се прашувам со кој ум и чиста совест го дигате тоа востание... дали за медал или чисто за доказ колку сте ретардирани? Иако повеќе ми оди накај ова второво.

Нешто што јас го правам а можете и сите е едноставна дискомуникација и игнорирање на ваквите дигачи на востанија - unfriend и веќе никогаш повеќе контакт со нив, бидејќи ако така оваа заедница не им покаже дека грешат и за таквата грешка скапо се плаќа, незнам како поинаку ќе научат.

За крај нешто од Марфи:

Направи систем кој ќе може да го управува идиот и само идиот ќе го работи истиот 😉

останете ми присебни и замислени – далеку од констатацијата на стрико Марфи

п.с приметил некој дека 2 телетабиси се со дупка а 2 со стап?


*-видеото е посебен поздрав ем музичка подлога (хинт - телетабисите)

I apologize this time for my article that its sarcastic and funny - and for something that concern us all, my Spanish translator need to party tonight and google its... well google xD