Второ Претседателско обраќање [Black Shadow]

Day 2,872, 16:36 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija
Добро вечер на сите !

Можеби е малку доцна сите спиете но кој не спие ке прочита, а тој што ке прочита ке знае и ке им ги пренесе информациите на своите другари.
Како прво знам дека знаете дека нема некоја поголема активност од мене ( тоа е ограничен сум со време ) но кога и да сум тука се посветувам целосно за доброто на Македонија и за државјаните што ја играат и преставуваат Македонија со нашето знаме.

АС.
- Првиот АС. беше донесен по многу дилеми каде што и кој да се нападне па по долги разговори беше избрана Нигерија, многумина од вас притискаа и сакаа војна ама одкако им се даде војна ( не требало таму, требаше на друго место итн.)
Момци мислите дека јас несакам да не има на сите континенти, да имаме своја база ?
Но дали знаете колку само омраза имаат многу држави кон нас и кај и да појдеме одма сме им ТРН во ОКО. Можам само да прептоставувам зашто толку многу не сакаат и чиво лобирање е да не нападнат веднаш кај и да отидеме ама ние не се предаваме ние сме инат македонски и ке го истераме тој инат до крај !

Да не должам многу околу Нигерија тоа е тоа што се случи, назад нема да гледаме напред со крената глава.

Втор АС
- како што знаете пуштен а нов закон за АС ( средствата се обезбедени без да се вадат пари од државна сметка ) истиот тој закон ке биде изгласан и ке ја нападнеме нашата ветене земја Канада.
Знам дека пак ке има прашања од тоа, зошто Канада, зошто не тие или пак мораше ли одма пак АС ? Секогаш ке има и добри и лоши коментари тоа е факт и факт е дека неможе на секој да му биде погодено во играва, (кој не му се допаѓа нека пишува тролачки статии против мене и нека плука слободно ) ке ви кажам дека Канада ни се должници и тоа огромни, често не навредуваа и не признаваат во играва под нашето уставно име, ни пуштија револуција и ни ги симнаа диктаторот да не набројувам...

Сакам да ви кажам спремајте се уште од сега, чувајте ФФ и утре пред пладне очекувам да бидете полни и да растурате бункери кај што се кријат Канаѓанките, времето нема да го напишам тука и ке ве молам без шаутирање и да читам постови кога ке се напаѓа. Времето за напад е дадено на вашите Командири и ако има некакви измени јас ке ги известам нив па тие вас.

Утре одиме во Победа ! Одиме да им однесеме македонско сонце во нашата ни ветена земја !

о7