Претседателска кандидатура [ Black Shadow ]

Day 2,845, 10:52 Published in North Macedonia North Macedonia by BIack Shadow

Како прво поздрав до сите Македонци и Македонки и сите оние што се чувствуваат како Македонци.

Дојде денот кога и јас тргнав по тронот и јас да се обидам да ја водам оваа наша мила виртуелна еДржава се со една цел заедно да и помогнеме на Македонија.
Играва ја почнав пред 4 години и не бев баш многу воодушевен и не ми беше многу интересна се додека не почнав да фрлам реални пари за нејзе.
Затоа за не фрламе многу реални пари ке треба да фукционираме сите ко едно, да се прават донации да се собираат средства за поделби за пакови итн. Една гранка или 3-4 лесно се кршат ама ако бидеме 40-50 тешко дека некој ке не скрши.
Значи од вас барам смиреност, без навлегување во туѓи политики и нивно внатрешно мешање, без удирање против наши сојузници, едноставно барам ладни глави и размислете и избројте до десет пред да направите нешто глупо што би ја чинело многу оваа заедница.
- Планови
планови баш што како понатака и баш нема од моја страна и не можан да ви ветам така ке биде а може нема да биде, како што знаете има договорено НАП за овој месец и јас со мојот тим ке гледаме да го одржиме и да го продолжиме понатака.
Мислам дека е доволно од оваа бесмислена војна сепак е ова само игра и треба да се дистанцираме од реалниот живот и носењето надворешни проблеми тука во оваа виртуелна игра. Фанатици националисти и што знам уште како да ги наречам имало и ке има ама не значи дека и ние ке треба да подпаднеме на тоа ниво.

- Воен План
Како воени советници ке ги назначам Столе Лазаров , Иван.СК и Аминта
заедно ке размислиме кого ке прцаме а верувајте ке има за прцање,кога и да дошол член од ПРЦ за Цреп имало и тоа добро прцање и ке има за сите не се секирајте!


одприлика тимот би бил составен вака ако не дојде до некое откажување од некој од членовите поради рж. обврски.

Претседател: Black Shadow

Премиер: Bojan aKa T-MaC

Министер за Надворешни Работи: Severuss Snape i Allis Wonder

Министер за Одбрана: Aminta

Министер за Здравство: Good Beer

Министер за Образование/Информирање: exFellix

Гувернер на НРБМ: LazarosaMKD

Нека победи тој што народот мисли дека заслужува, поздрав и почит до сите од мене