Да се биде Конгресмен - 2 дел [ePece]

Day 1,707, 16:37 Published in North Macedonia Ukraine by GottaGo


Поздрав Македонијо,

Пред точно еден месец, како Министер за Информирање на еМакедонија преку статија од Министерството се обидов да ја подигнам свеста на гласачите и на Конгресмените во нашата ни еДржава.
Со големо разочарување, но и очекување оваа моја иницијатива речиси пропадна.
Сепак, поради тоа што сметам дека ова е битна тема за секоја еДржава, акцијата ќе се обидам да ја продолжам и проширам.

Она за што се залагам во оваа акција е за Конгрес да се кандидираат и да влегуваат личности кои се сериозни во своите намери и кои во никој случај нема да и наштетат на својата еДржава.

Сето ова не беше успешно изминатиот месец, бидејќи и покрај се:
- Се одобруваа државјанства без консултација (дури и на Грци)
- Се предлагаа закони на своја рака

За да не се повторувам со претходната статија само ќе ги поздравам одредените групи на потенцијални Конгресмени.


Господа вечни Конгресмени
Од вас не ни треба да има грешки, треба да служите за пример и да ги "уходате" новите и неискусни на оваа функција. Вие треба да сте најактивни на Чат и да преземате иницијатива.
Доколку вие не функционирате, тешко дека Конгресот ќе функционира.


Дотични "сакам и мене да ми светни"
Обидете се да гледате малку подалеку од медалот, ова е одговорна функција, доколку се залагате да ја "фатите фотелјата" тогаш обидете сеи да ја пополните.
Ако не друго, барем не го правете она од погоре.


Мистер "До 5 злато ми е дојдено"
Не верувам дека има такви личности, едноставно се кријат позади изјавата бидејќи малку време треба за да заклучиш дека 5 злато во играва нема ништо да ти сменат.
Не завземај место беспотребно, направи си статиичка дека ти фали злато или дека те украле, тоа е во мода, ем нема да се замараш ем ќе го собереш по тоа што си дојден


Личности "Сакам да видам како е"
Има што да видите, ќе се изнагледате 🙂
Доколку стигните до целта, обидете се да направите некаква промена, на подобро се разбира.


Сите останати
Сигурно сте малку, но се надевам дека се кандидирате со добра цел, да и помогните на својата еДржава. Доколку е така, не се разочарувајте, не има секакви, но на вас е да сте подобри 🙂


Сега заклучив дека напишав многу посесивно-агресивна статија која побудува негативни чуства, и која многумина веројатно нема ни да ја дочитат, но сепак...

Се надевам дека ќе има по еден Vote и Shout, бидејќи за еМакедонија се работи.

Поздрав.

п.с. Слободно во коментар оставете линк од своја презентација, барем ќе видиме до каде сме 😉