Последниот запис - Ден 1660

Day 1,660, 04:47 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Odbrana



УРА МАКЕДОНИЈО!

Ова е мојот последен запис во МоД Дневникот. Имавме прилично интересен и возбудлив мандат. Мандат во кој за прв пат се употребија Нуклеарните оружја што навистина ја смени динамиката на водење на битките. Оние што беа со мене во МоД тимот ја почуствуваа промената и ги забележаа придобивките, како и негативните страни на новиот начин на војување. Навистина ќе има голем предизвик новиот МоД тим да ги совлада сите овие препреки, но со доволна посветеност и енергија нема што не може да се преброди.
Македонија тоа го докажа во повеќе наврати низ нејзината еИсторија, како и во овој месец, кој што беше предвиден да биде без нашите ТЕНКОВИ. За поздрав е нивната улога во победите кои ги остварувавме. За поздрав е и нашата организираност и посветеност која овој месец ја прикажавме и без нивната поддршка.

ВОДЕЊЕ ВОЈНА БЕЗ ТЕНКОВИ Е СКОРО НЕВОЗМОЖНО! НО НИЕ СМЕ НАРОД КОЈ ДО СЕГА МИЛИОН ПАТИ ГО НАДМИНАЛ И НЕВОЗМОЖНОТО!

ФАЛАНГА - ГРУПАЦИЈА ЗА ПОЧИТ! Голема благодарност до сите нејзини членови за времето и трпението што го имаа овој месец. Навистина ги истоштивме со чекање наредби, па пукај 5 убиства, па сели се, па врати се. Оваа групација не смее да се укине, напротив треба да се надогради, да се организира најдобро што може и да се употребува секојдневно. Нејзината улога во секоја битка е од огромна важност, доколку се користи правилно! Секоја чест дечки!

АРМИЈА - Жалам што овој месец не собрав енергија и храброст да направам уште неколку реформи во армијата. Имаше прекрасни идеи за кои требаше веројатно да се потрудиме малце повеќе за да ги практикуваме. Но, тоа е што е. Мојот наследник се надевам дека ќе собере сили да ги истурка.

МАКЕДОНИЈА Е ЗРЕЛА ЗА ДРЖАВНА АРМИЈА!

ВОЈВОДИ - Оваа групација беше создадена по препорака на Државникот. Се виде дека има дупка во организацијата на армијата која со оваа единица се дополни. Се надевам дека ќе остане активна во следниот месец и ќе се надоградува со идеи и системи за организација.

Овој мандат ќе беше невозможен без MoD ТИМOT. Навистина прекрасни дечки кои одделија дури и премногу време за да го постигнеме она што го зацртавме на почетокот. Не би сакал да ги набројувам затоа што сигурно ќе има некој што ќе биде испуштен, но ВИ БЛАГОДАРАМ НА СИТЕ ЗА ЦЕЛОСНАТА ПОСВЕТЕНОСТ КОН МАКЕДОНИЈА. Секој нареден мандатар мора да има барем дел од овие луѓе за да биде сигурен во реализација на своите идеи.

Мора да се заблагодарам и на Министерот за економија, СпасиГ`з, кој навистина деноноќно беше со нас и не поддржуваше во секоја акција која што сакавме да ја направиме. Министер за почитување. Се надевам дека следниот министер ќе биде исто толку ревносен во реализација на плановите на Владата како овој и ќе успее да донесе повеќе пари во НБРМ, затоа што нашата војска заслужува повеќе.

УРА МАКЕДОНИЈО!

МИ БЕШЕ ЧЕСТ ШТО ВИ СЛУЖЕВ НА СИТЕ!

Трале Баљист и Арнаутлук бандата