Дневник - Ден 1657

Day 1,657, 04:02 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Odbrana


УРА!

Му ветив на Че по телефон дека ќе направам се што е во моја моќ да успееме да му дадеме на следниот претседател на еМКД добра почетна позиција и мислам дека ќе успееме да го направиме тоа. Барем на добар пат сме до сега. Најголемиот отпор во моментов е во Егејска Македонија. Нашите сојузници засега добро се справуваат со нивните приоритети. Бугарија се врати во колосек многу брзо. Унгарија се врати на нејзинте оригинални региони, по неуспешниот обид да ја избрка Америка од Европа. Сега таа мисија е доделена на Полска.
Чекаме војна Србија - Кина. Војна која ќе биде одлучувачка за овој дел од светот. Ајде да ги вратиме Кинезите назад во Јапан.

Со освојувањето на Јонските острови добивате 20% повеќе на производство на храна. Не работете до вечер.

Стана многу тешко да се водат битки со новите нуклеарни оружја. Може во минута да се смени позицијата на напаѓачот/бранителот, само со едно убиство. Заради оваа причина е уште по важно да се пратат наредби и да се штеди ФФ при УДАР. Ве молам, пратете ги наредбите, не пукајте на своја рака или ФУЛ уште при првата минута од УДАРот.

Порано правевме освежување на системот по првите две - три наредби и ако забележевме дека некој има испукано спротивно на наредбите го вадевме од листа. Се надевам дека нема да има потреба повторно да се прави истото.

УРА!

Трале БаЉист и МоД Арнаутите