Дневник - Ден 1651/1652

Day 1,652, 03:42 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Odbrana


УРА!

Грда битка вчера. Многу тенкање, многу пукање, колнење, пцуење. Од се по нешто. Бугарите имаа обезбедено пред почетокот на битката 250 милиони штета. Како што сите можевте да приметите, во топ 5 од нивна страна грото беа Бугари и Македонци. За одвлекување на повеќе штета, Македонија пушти напад на Грција. Се надевам дека сето ова ќе биде доволно да се одбрани Софија.

Битката за Софија сеуште трае. Таа мора да ни биде ТОП приоритет преку ден.

Вечер, чекаме напад од Фрциве. Се надевам дека ќе ги одбиеме, како милион пати до сега.

Вчера направивме нов рекорд. Преку 150 милиони штета. Преку 200 активни војници на чат. Не дозволувајте ова да стане исклучок. Ајде да го направиме правило! Ајде секоја вечер, по половина час да одвоиме и да пратиме наредби на Армиски канал. Обично ние пукаме после 60тата минута од битката. Не мора да дремете цело време на чат. Кога ќе свикаме УДАР, разгледајте ги битките, прашајте во која битка ќе се мава. Видете колку време е поминато и на 60тата минута дојдете на чат да видите каква е атмосферата. Или барем тогаш почнете со пукање.

УРА!

Трале Наш и Неговиот МУ бенд.

П.С. Претседателе, голем да растеш.


www.tinyurl.com/emkd-army - канал за пратење наредби!