Нови Дневни Награди

Day 5,252, 20:58 Published in North Macedonia North Macedonia by AleX iMpEriL

Почнувајќи од денес, граѓаните ќе можат да добијат повеќе награди од нивните редовни секојдневни активности, без разлика дали сте војник, работник или менаџер.



Завршувањето на различни мисии во Дневниот предизвик (како што се патување, работа, тренинг или завршување на дневната наредба(DO)) ќе ве наградат со поени за дневна активност, со кои ќе можете да отворите кутии со награди во "Daily Challenge".


Пет дневни кутии со награди, од кои секоја содржи вредни награди, може да се отклучат со поените за активност"Activity Points" секој ден. Мисиите и кутиите со награди се рестартираат секој ден на смена на денот "Day Change" и поените за извршени активности не продолжуваат од еден ден во друг.

Наградите што би можеле да ги соберете доколку ги освоите сите 100 акциони поени се:
- 5 различни парчиња за базука
- 2 поени сила
- 5 поени за прекувремена работа(overtime points)
- 25 RAW за производство на храна
- 25 RAW за производство на оружје
- 1 RAW за изработка на куќи
- 1 RAW за производство на воздушно оружје
- 1 x2 акцелератор за штета
- 1 бустер за штета(ghost booster)
- 1500 МКД

Материјалите за производство што ги добивате со овие награди со моменталните цени на пазарот вредат нешто повеќе од 1.800 МКД, така што можете да добиете повеќе од 3.000 МКД само со извршување на нови дневни задачи.

Откако ќе се отклучат сите дневни кутии со награди, понатамошниот напредок во Дневните мисии сè уште ќе биде можен, но нема да има друга награда за нивно завршување освен самите награди за мисијата. Нема потреба да правите повеќе од 100 поени.

Можете да ги отклучите кутиите со дневни награди користејќи која било комбинација на дневни активности.
о7