Нов тенк скин [МЗИ]

Day 2,989, 06:51 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Informiranje

Поздрав народе.

Сакам да напишам збор два колку што ми дозволува времето за овој новиот тенк скин кој за разлика од претходниот личит на нешто.



Значи од денес до крајот на неделава ќе имате можност да се борите за да го отворите и освоите новиот тенк скин. За тоа да го направите ќе ви требаат 40.000 престиж поени.

Покрај ова наместо да добивате како награди обични бустери од 50% штета сега ќе добивате бустери кои даваат 100% зголемување на штетата за 2 и 8 часа со рок на траење од 14 дена, а ако после тој рок не ги искористите ќе се претворат во обични бустери од 100% штета.

Овие новите бустери може да ги активирате заедно со обичните бустери и да добиете повеќе штета. Пр. ако имате активирано бустер од 100% штета со 100ката од новиот бустер ќе имате вкупно 200% поголема штета.

Ако сте освоиле некој од претходните скинови штетата може да ви се зголеми од 100% на 150%. Со отварањето на новиот тенк можете да достигнете бустер штета од досега најголеми на играва 300% бустер штета.

Значи вака некако му доаѓа тоа:
- ако не користите тенк скин и бустер имате 100% бустер штета од тие што ќе ги освоите
- ако не користите тенк скин, а користите бустер од 50% + тој од 100% добивате 150%
- ако не користите тенк скин, а користите бустер од 100ка + 100ка од новиот вкупно 200%

Во случај да користите некој од претходните скинови математиката излегува вака:
- без бустер 150% штета
- со 50% бустер 200% штета
- со 100% бустер 250% штета

Кога ќе го отворите новиот тенк добивате плус 50% екстра штета при што максимумот ќе изнесува 300%.

Покрај тоа кога ќе користите обичен скин ќе трошите нормално оружје, но во случај кога ќе пукате со скиновите ќе ви се троши +1 тенк на удар. Подобро е објаснето на самата слика.






Се обидов ептен на кратко да ви објаснам што и како се случува пошто овие денови толку ми дозволува РЛ времето.

Во следната статија ќе добиете целосно инфо за сите случувања во текот на овој месец, впрочем како што и секогаш правам на крај на секој мандат. Статијата ќе имате можност да ја прочитате за 3-4 денови.

Останете силни и сплотени како што бевме вчера.

Министер за Информирање

akconel