Како шеќерот влијае на мозокот ??

Day 2,912, 06:31 Published in North Macedonia North Macedonia by Makedonec2015

Шеќерите не се дел само од слатките производи. Тие се класа на јагленохидрати кои се наоѓаат во повеќето видови на храна и пијалоци. Најверојатно веќе ви се познати глукозата, фруктозата и сахарозата, но лактозата, декстрозата и скробот се исто така форми на шеќер. Па, што се случува кога ќе изедете нешто многу слатко?
најпрво се активираат рецепторите на јазикот со кои го чувствувате слаткиот вкус. Ова испраќа сигнал до мозочното стебло (продолжениот мозок) и кората на големиот мозок, каде што се обработуваат нашите вкусови. Потоа, кората на мозокот испраќа сигнал до системот за награди во мозокот преку серија на хемиски и електрични патишта за во основа да одговори на едно потсвесно прашање: „Да го направам ли тоа повторно“? Па, кога го имате тоа топло задоволно нејасно чувство откако ќе изедете еден куп домашни колачиња...., тоа е системот за награди во мозокот кој ви одговара да го повторите истото.
откако ќе се активираат рецепторите на јазикот. Храната патува до стомакот и цревата, каде што исто така има рецептори. Тие испраќаат сигнал до мозокот дека сте најадени и го известуваат телото доколку треба да се произведе повеќе инсулин за да се регулира нивото на шеќер во крвта.

ЗА МЕНЕ ПОШТЕТНО НЕШТО ОД ГАЗИРАНИ СОКОВИ НЕМА
ВОТЕ + СУБ