Претседателска Кандидатура-Полетарец (Уништување на Америка)

Day 2,875, 07:18 Published in North Macedonia Romania by poletarec

Почитувани Македонци,

Денес официијално се кандидирам за ЦП на еМакедонија.
Пред се би сакал без многу увертира да ве запознаам со моите планови за евентуално мојот мандат за месец Октомври.

-Дипломатија-Започнување разговори со Тајланд, Хрватска и останатите Српски колонии, С.Кореја, Јапонија и УАЕ за барем еден месец соработка на воен план со можност за продлабочување на истата и во иднина.
За оваа позиција и задача би ги ставил во тим Иван.Ск, Северус и Алис.

Економија-За ваков потфат потребни се енормно големи суми на ресурси кои сметам дека доколку ми ја доверите довербата би можел заедно со вас да ги приуштам.
-Подигање на даноците на 25% во наредните 12 дена од почетокот на мандатот со што би се собрала сума од околу 1.5 мил цц
За ова министерство би го назначил Лазароса и воедно би му го доверил мојот емаил и пасворд со што би се осигурал дека во моменти кога не би бил во можност да бидам активен на играта да имам човек од доверба кој би можел да ме замени и да ја заврши работата како што треба.

Министерство за Одбрана-Ова министерство би го поврзал со претходните две кои се со подеднакво високо значење и кои сметам дека МОРА да бидат во тесна комуникација.
Би сакал преку МоДот да издејствуваме соработка и покана до неколку земји кои мислам дека би се вклучиле активно во оваа операција која би дала плод за сите вмешани земји. Прво предлог план до нашите најверни сојузници Бугарија,Чиле и Индонезија, потоа до Шпанија и претходно споменатите српски колонии С.Кореја,Јапонија,ОАЕ и се разбира покана до Хрватска која и тоа како има причини да се втурне во оваа кампања.
Кампањата ја планирам со активно учество на дивизиите 1,2 и3 додека дивизијата 4 ќе биде активирана само во одредена битка до две и тоа во денскиот период кога ние сме најатквини а Американците не се.
Помалите дивизии ќе имаат задача да прават епски битки во што е можно побрз рок и воедно таму да ја правиме разликата на бојното поле.
За ова министерство би ги номинирал играчите Волк1975,Александар Македон,Столе Лазаров и Мане Комита.

-Креирање на кружни пораки со играчи од сите дивизии и нормално креирање на кружни пораки со командантите на ТОП 10 македонски воени единици, со што би имале координација на највисоо можно ниво.

За советници би ги повикал да ми бидат Ел Че Г , Феликс и Бојан.

Однапред ви кажувам дека првите неколку дена ќе имаме ужасно досаден период и одлив на средства, но ако се појде како што треба веќе за две недели даноците ќе бидат значително намалени,ќе имаме на располагање ресурси кои би ни ја реазмрдале добро економијата и нормално ќе собираме пари од американските даноци, забавата да не ја ни спомнувам.

Тоа би било се од моја страна засега, па доколку сметате дека ја заслужувам вашата доверба би ве замолил утре да гласате за мене, а јас ќе ви се оддолжам со максимална посветеност на спроведување на планот.


Поздрав.