Последно Претседателско обраќање[Гамбле]

Day 2,846, 04:53 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija


Добар ден мои лавови и лавици о/

ПОБЕДИВМЕ !
Два месеци не се којзнае колку време, меѓутоа го скршивме мразот. Сега само треба да бидеме внимателни и да ги игнорираме како да не постојат. Никакви провокации, никакви закони (конгресмени), никакви шаути… Нека си ја тераат работата во Египет, а ние сите треба да ја отвориме мапата и да си најдеме нова играчка плачка.

Да бидам искрена, бргу ми поминаа овие месец ипол дена, можеби бидејќи уживав да ве гледам сите сплотени и ангажирани да си помогнеме едни на други. Така ве оставам сега, така сакам да ве најдам нареден пат кога ќе се кандидирам (плус ептен се погоди удобна фотељава). 🙂
Првиот пат кога бев претседател (2013) бев поприлично несигурна дека ќе згрешам нешто и ги слушав сите околу мене. И сега слушав ама сега паметно избрав кого да послушам. Сега имав цел, знаев во кој правец одиме со мојот тим и со заедничка работа ја постигнавме таа цел.

Упорноста секогаш се исплаќа.

Па да преминам на отчетот….
Не знам со колку МППа почнав, ама еве завршувам со 16. Ги изгубивме Литванија (ќе менувале страна) и Србија, ама обновивме некои стари и плус имаме едно ново.
Ја завршивме војната.
Имавме успешна акција! Ги опремивме д2 колку можевме и 1 д1 акаунт.
Се организиравме! Д3 имаат групна на ереп и на вибер, исто и д2. Сега на ред се да ги разбудиме д1. Д4 можеби беа немоќни да ги кршат јужните ама многу помогнаа со донации, идеи и реализација на тие идеи.
Си го поправивме имиџот кај сојузниците.
Го преживеавме турнирот. Искрено, тогаш баш се разочарав бидејќи, на некој начин, Плато пак им излезе во пресрет на јужните. Но ако сега погледнеме наназад, на нас ни одговараше тој турнир. Зошто? Затоа што им земавме една епска д4 рунда, и после цела недела не престанаа да трошат пари за КО и кај нас и кај Бугарите. Таа недела потрошија најголем дел од парите.

Функционираме скоро беспрекорно како едно големо семејство. Се што треба е да продолжиме така. Парите како секогаш ќе бидат проблем, ама ние сме навикнати да тераме така. Јас не успеав да зачувам многу пари, меѓутоа морам да нагласам имајќи предвид дека бевме во војна, поминавме баш ефтино во однос на јужните соседи. Потрошија отприлика 10 пати повеќе од нас и Бугарите заедно 😃 Ќејфои…..

Пробав да направам отчет околу финансиите

Ми излегоа дури 360 000 денари кои не можам да ги оправдам. Три пати немам направено принт скрин за внесување на парите во единицата, не ги зачувував принт скриновите што ви праќав пари за подржување востанија, донирав 10 000 на Ирска за да го продолжиме МППто (сите знаеме зошто), за акцијата „За Јуниорите“ државата даде 86 000, ама пак не сум направила принт скрин од втората донација, исто така 2 пати купував по 1000 тенка за ХЛ, а подоцна донирав од тие што ги добив во акцијата плус волк1975 даде 1000 тенка и три пати ставив КО за сојузници (еднаш за Чиле, еднаш за Венецуела веднаш откако потпишавме МПП и еднаш за Индонезија пред 5-6 дена).
Знам дека звучи бледо, меѓутоа сите пари отидоа за КО.



Многу пари се, и колку и да ви изгледа неверојатно д1 и д2 лапаат пари ненормално (СЕКОЈА ЧЕСТ НА ИСКЛУЧОЦИТЕ). Ама ајде сега ја опремивме д2, така да ќе се намали трошењето на КО кај нив. Ми се случи два пати во Егејска и во Тесалија за само една рунда да ми летнат 100-130 000 денари и тоа само д1 д2 и д3.
Во единицата се останати 20 000 денари.
Јас започнав со 130 голд, завршив со 45 (завчера надоградив една лебара од ку2 во ку3 25 голд) 🙂 Тие 40 000 што ги имам беа 60 000 донирани од One Hit бидејќи му купив ПП.

Данокот, како што ветив, после војната го намаливме и мислам дека 6% е прифатлив за сите. Имаше предлог од конгресмени да го ставам пак 10% за да купиме керозин побргу ама сметам дека немаше да биде фер од мене да го направев тоа.

За организациите од утре одлучува новиот претседател, јас ви излегов во пресрет и се надевам дека паметно ги искористивте. Не барав рента од проста причина што дониравте и во акцијата и за КО.

Од опремените акаунти во акцијата очекувам сите да си стојат на збор и навреме да си го платат долгот за тие пари да се дадат на други играчи.

Една работа сакам да ги замолам гастербајтерите во еСрбија. СМЕНЕТЕ ДРЖАВЈАНСТВО! Одете си од кај нив, одете во пријателска земја, ете Унгарија има исто фул ресурси… Или ако веќе решите да останете, излезете од нивните партии, не гласајте, не им се мешајте во внатрешната политика за да немаат причина да не окривуваат. Кај нив секогаш на крај се Македонците виновни за се и сешто. Доколку еден ден повторно станеме сојузници нека биде обострано и доброволно, со сила убавина не бидува….

Исто така АПЕЛ до претседателите на партиите: НЕ ставајте секакви акаунти за конгресмени, најдете начин да ги проверите, да бидат сигурни и активни !!! И Кракер за доживотен конгресмен !

На крај сакам да ви се заблагодарам на безрезервната подршка на СИТЕ ! Заедно можеме многу, месецов го докажавме тоа!
Имав беспрекорен тим! Со Северус, Аце, Иван, Артиомов, Стоич, Матрим, Дарман, Морт направивме најмногу што можевме и се надевам дека сте задоволни.
Посебно морам да им се заблагодарам на Аминта и НЕНОДС за целиот ангажман околу акцијата „За Јуниорите“ и на Хеавенс Легион за беспрекорната послушност.
Ги заборавив Феликс, Лаки и Апокалиптик. Ви благодарам и на вас сите совети, групни пораки, сугестии... 🙂

Се извинувам што не сум голем економиста ама се надевам ќе ми ја простите таа ситница (посебно ЗОРАН) ама ми требаше некој денар и за нови штикли и 2-3-4 фустани 😛

Мислам дека опфатив се што беше битно…
Заклучок: САМО ОБЕДИНЕТИ МОЖЕМЕ ДА ГО БУТНЕМЕ ЅИДОТ СО ГЛАВА (И СО БУГАРИТЕ НОРМАЛНО) 😃
Немој да заспивате сега, полнете ги магацините и спремајте се за нова акција, убаво кажа волк1975, вадете тефтерот да видиме кој ни е должник.
И уште еднаш, извинете за недеталниот отчет.

Претходни статии:
Интервью с президентом Македонии.
[MoFA] Southern Balkans NAP / Јужно-Балкански Пакт за ненапаѓање
[МНР Македонија] Завршно обраќање



МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА! о/

ВашА Гамбле_24