[МзО]Соопштение до нацијата

Day 2,806, 08:29 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Odbrana


Почитувани Македонци,

Вчерашниот ден беше еден од најцрните денови во Македонската е-историја, ден кој што сите ние сакаме да го заборавиме и ден кој што никогаш повеќе не смее да се повтори. Се случија многу немили настани но врв на се и ВЕЛЕПРЕДАВСТВО беше поставувањето на Грк за Диктатор на нашата е-Држава. За наша среќа разумот кај нашите непријатели беше поголем од се и Диктаторството беше вратено! За сите случувања не е виновен само еден човек туку сите ние како заедница кои на секој 5ти донесуваме одлука кој ќе не води тековниот месец!
Диктатурата е падната, а во овај момент е покренат закон за ИМПИЧ НА МОМЕНТАЛНИОТ ЦП кој што ќе биди изгласан и од утре почнуваме нормално да функционираме!

Изминатите три месеци сме во тешка војна со нашите јужни соседи и таа војна ќе трае се додека не се согласат за НАП. Ја имаме таа среќа, Бугарија е целосно посветена во оваа војна и покрај тоа што им е понудено од грчка страна да потпишат НАП и покрај тоа што се обидуваат со РЛ пари да ги поткупат, Бугарите се одлучни да истрајат во оваа војна и максимално да не подржуваат.

Доста беше со поделби на различни воени единици, на луѓе со вакво или такво државјанство! Сите овде сме за еМакедонија а не за билдање на личните профили и гледање сееир. Ја имаме таа шанса да ставиме крај на оваа ситуација, конечно да мрднеме и да ја играме оваа игра како нас што ни одговара, но за тоа да го постигниме МОРА да вложиме дополнителни напори за конечен успех над јужниве соседи.

Утре почнува нов турнир и знаеме дека сите поголеми МУ-а се организираат и затоа од името на новата еВлада Ве замолуваме нареднава недела додека трае турнирот да бидете целосно посветени на Македонија!
Ќе има доволно директни војни и доволно востанија и кај нас и во Бугарија каде што ќе можете да бркате БХ-а !!!




Пукаме за Македонија
http://www.erepublik.com/en/military/battlefield-new/65915


Пукаме за Бугарија
http://www.erepublik.com/en/military/battlefield-new/65921



МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!