Брада

Day 2,364, 15:40 Published in North Macedonia North Macedonia by Skitko

Моментално свето ногу страда
искочи да пее мома со брада
не им е јасно каква е таа естрада
дека шо пеат моми со брада
џабе се јавувале на баба рада
не знае и она лек за моми со брада
тоа ти е нешто како точак со церада
ама не е тоа-тоа, како мома со брада
не се знае дали носе цицка или можда града
таа мома улава шо пуштила брада
у секој подрум подземен и на врв на зграда
сегде оставила трага момата сос брада
не е овоа смешно, ни па срцепарајуча балада
секоја мома млада, почнува да пушта брада
од олд-скул селски стада, до модерна геј-парада
брејкинг њуз е сегде, момата со брада.
Дали јадете у седмица или чат-пат у шехерезада
пазете да не наидете на цурица со брада
дали живеете у бејрут или у четрнаеста бригада
сегде демне фантомо на момата сос брада.
И там околе Вардар, владата шо прави фасада
и тамо сто посто имат ударено некоја брада.
Дали слушаш Мановар или од Орќестар-Суада
пази стар пријателе, на момата со брада!!!