Нова генерација - Нова иднина !!!

Day 2,205, 04:03 Published in North Macedonia Ireland by StrongeRR
Статија бр.3
Ден 2,205


Здраво еМакедонијо !!!

Денес сакам да ви претставам една нова единица, една нова замисла, една нова идеја. Нова иднина на еМКД, Нова Генерација!

Секој ден слушаме и читаме како некој се откажал, како некој на некого го навредил, како некој обвинил некој друг, ти си крив, јас сум крив, тој е крив, МТО, АрМакедон, ДСВ, ЦрнПетко, Торнадо.... бла бла бла.. ДОСТА Е!

Денес ви претставувам единица која ќе биде создадена од играчи од прва и втора дивизија (подоцна и трета), играчи на кој целта нема да му биде ништо друго, туку иднината на еМКД. Играчи кој секој XP ќе го чуваат за да пукаат за еМКД.

Наша единствена цел ќе ни биде да пукаме организирано во битките за Македонија, секако во координација со тековниот ЦП на еМКД, на кој секогаш ама баш секогаш ќе му стоиме на располагање и ќе ги слушаме неговите наредби без разлика кој е и од која политчка партија е избран.

Политичка активност нема да имаме. Не во смисла да не сме членови на партија, туку да не сме активисти во тие партии, што би довело до меѓусебни и расправии со другите играчи од еМКД.

Секогаш ќе бидеме ладни на провокации од тролачите. Никогаш нема да се вметнуваме во караници, ќе стоиме настрана.

Меѓу нас ќе имаме одлична соработка, секогаш ќе се помагаме меѓу себе, ќе помагаме колку можеме сите да ги кренеме теретаните на што повисоко ниво. Ќе имаме поделби на тенкови и леб секоја недела, колку можеме толку. Јас и bebush ќе се трудиме да помагаме колку што можеме повеќе.

Секој кој е заинтересиран за иднината на еМКД, секој кој е расположен само за позитивни работи, секој кој сака да изгради јак акаунт е поканет да ни се приклучи!

-edit-
Секој кој сака да ни помогне, да вложи во единицата, во иднината на еМКД, нека донира кај мене пари, храна или оружје. Верувајте се ќе биде искористено за доброто на еМКД.

На нас гледајте како деца кој треба да научат да одат, а за тоа им треба огромна помош од другите. Гледајте како играчи кој се позитивни и секогаш расположени за помош и пуќање за еМКД.

Не гледајте на нас како противници, како конкуренција, затоа што ние нема така да гледаме на вас. Сите ќе сме едно, сите ќе сме заедно.

Толеранција нема да има за никого, кој нема да ги почитува основните правила, по автоматизам ќе ја напушти единицата.

Услови за влез во единицата:

1.Да сте член на Д1 или Д2
2.Да имате мин 700сила (дивизија1), 4.000сила (дивизија2)
3.Да тренирате и работите секој ден
4.Да носите аватар од единицата
5.Секогаш да сте позитивни
6.НИКОГАШ да не се карате со било кој друг играч од еМКД
7.Да почитувате наредби
8.Да не трошите залудно XP поени, со цел што подолго и посилни да останеме во помалите дивизии
9.Да ме додадете за пријател и да ми пишете порака, за да ви пратам покана за членство. (единицата е од затворен тип, поради заштита од мултиња)

ЛИНК ОД ЕДИНИЦАТА:
http://www.erepublik.com/en/main/group-list/members/3245/15743#1_15743


АВАТАР:




ПРИДРУЖЕТЕНИ СЕ !!!

Поздарав,
New Generation Team!




Шаут:
Нова генерација - Нова иднина !!!
http://www.erepublik.com/en/article/-1-2348160/1/20