Новости од удобната фотеља

Day 1,731, 22:46 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija


Драги Македонци,

Во изминатиов период се случија неколку работи за кои Ви должам информација.

Како што сите знаете со ослободување на регионот Северни Црногоски Планини , веќе немаме обврска за исплата ка наемнина на црногорскиот народ. Вкупната сума која опфати и заостанат долг од 90 000МКД ( неисплатена сума од мандатот на претходниот Претседател), изнесуваше 160 000 МКД.

Исто толкава сума ќе биде исплатена и на Швајцарија, согласно договорот за размена на териториите и добивање на ресурсот железо.

Сакам да напоменам дека од овој момент па натаму НЕ се планирани акции во кои ќе се враќаат територии на било која друга држава. Доколку има промена на овој став , навремено ќе бидете информирани.

Во најскоро време ќе започне со работа и министерството за здравство, за што ќе бидете информирани преку статија од весникот на тоа министерство.

Секојдневно се донираат по 1000 Q5 лепчиња за baby squad. Овие донации ќе продолжат до крајот на мандатот.

Рефундот не се зголеми и нема да се зголемува поради актуелните состојби во економијата. Ниски плати и ниски цени на прозиводите, допридонесуваат за помали приходи во трезорот.

Воздушен напад за сега не се планира и затоа Ве информирам дека во моментов нема потреба од донации. Доколку се смени овој став , јавно ќе бидете повикани да донирате и да помогнете за собирање на средства за воздушен напад.

На сите Македонци со муслиманска вероисповед им го честитам престојниот празник.

Поздрав,
Алекс