Победата изгубена во судиското надополнување, Вардар не издржа

Day 1,702, 12:33 Published in North Macedonia Armenia by Zombinho


Фудбалерите на Вардар се поразени на првиот натпревар од 2.квалификациско коло од Лигата на шампионите против Бате Борисов во Белорусија со 3:2, но поразот го доживеаја во судиското надополнување на оваа средба. Вардар водеше се до 92-та минута , но потоа следуваше шок за две минути и два гола на Бате за победа од 3:2.

Мечот почна со добра игра на Вардар кој ја контролираше играта на средината на теренот и не дозволуваше домакинот лесно да стигне до гол, па дури во финишот на првото полувреме се заканија за да дојдат во водство. Во 41-та минута преку Мозолевски кој беше на вистинското место по одбиената топка од Захов и на втората статива ја сочека топката за да му донесе радост на својот тим.



Вториот дел одлично почна за Вардар, уште во 54 минута по одличното проигрување на Стјепановиќ до Ѓорѓиев, вториот остро нафрли пред голот на Бате, а таму Костовски постави нога и му донесе израмнување на Вардар. Само 8 минути подоцна уште една добра акција на Вардар, топката префрлена од десната страна на спротивната каде беше сам Стјепановиќ кој убаво се ослободи и намести на десна нога и биеше силно во левиот долен агол на противничкиот тим за водство на Вардар од 2:1.

И кога сити очекувавме натпреварот да заврши со победа на Вардар, во судиското надополнување два гола за пресврт и шок кај навивачите на Вардар и самите играчи. Најнапред во 92-та минута Родионов се најде меѓу двајца играчи на Вардар, но топката дојде кај него и со глава прецизно биеше за израмнување, а во 94-та минута по корнерот кој беше изведен Родионов повторно беше на вистионско мести и беше кобен за Вардар и му донесе победа на својот тим од 3:2.

За Вардар на оваа средба настапија: Захов, Алечену, Вајс, Таневски, Илиевски, Ранѓеловиќ, Стјепановиќ, Темелков, Стојаковиќ, Ѓорѓиев и Костовски. Во игра во второто полувреме влегоа Петров и Оса.

извор: www.fkvardar.mk

o7
Zombinho