Не избрзувајте, ве молам!

Day 1,686, 17:45 Published in North Macedonia France by Princess Emily

Почитувани сонародници,
Го разбирам и го споделувам вашиот гнев после оваа статија, каде што точно се гледаат навредите на највисоките претставници на нашиот сојузник еПолска против нас. Очигледно тие не разбираат што значи зборот сојузници. Две земји сојузнички, посебно кога истото датира уште од многу одамна, треба да се поддржуваат, помагаат и безрезервно да ја нудат својата поддршка еден на друг. Но, наместо тоа, ние вечерва добивме само навреди, по тоа што најмногу не боли, нашиот идентитет. Го разбирам бесот насочен кон еПолска, посебно зошто страстите уште повеќе се разгореа поради поразот на нашите кошаркари, но во таквите моменти е време да застанеме и да размислиме што е најразумно да се стори како следен чекор од наша страна.

Пукање против еПолска не е начин! Не се однесувајте како деца! Ова може да се реши на милион други начини, но не на овој! Како си дозволувате да пукате за еГерманија не ми е јасно, како?! Со една навреда ќе заборавиме се што било досега, и ќе помагаме на некој што секогаш ни бил непријател, против нашиот довчерашен пријател? Од ова само ние губиме! Губиме почит во очите на другите, изразувајќи го бесот на овој неразумен начин. Да не бидеме мета на потсмев во е-светот, да ги контролираме своите чувства, ве молам! Да си го задржиме достонството дури и кога сме навредени, да знаеме кога да се повлечеме, и да се подготвиме да вратиме дупло, за да ги боли и нив најмногу!

Не ја уништувајте шансата со крената глава да си заминеме од ОНЕ! Сите ваши постапки имаат последици, зар не го гледате тоа? Престанете да пукате против еПолска, ВЕ МОЛАМ, и ајде сите заедно да се собереме (на пример, на нашиот јавен мирц канал) и да најдеме решение за овој проблем! На крајот на краиштата, имаме влада, претставници, кои сами ги одбравме да не претставуваат! Тие се задолжени за да ги бранат нашите народни интереси пред сите!

Не дозволувајте бесот да ве води, еПолска ќе го добие тоа што го заслужува за оваа навреда, порано или подоцна. Но не на овој начин!