Шпанија европски шампион, Италија падна на последниот "испит".

Day 1,685, 16:36 Published in North Macedonia Armenia by Zombinho

Шпанија ја разби Италија со 4:0 во финалето од ЕУРО 2012.
Стрелци за актуелниот европски и светски првак беа Давид Силва во 14-та минута, Жoрди Алба во 41-та, Фернандо Торес во 84-та и Хуан Мата на две минути пред крајот на регуларните 90 минути.

Со овој триумф, Шпанија стана прва репрезентација во историјата која успеала да ја одбрани титулата европски првак и прва која врзала три најзначајни титули, бидејќи во меѓувреме триумфираше и на СП во ЈАР во 2010 година.

Шпанија апсолутно доминираше во текот на целиот меч, а италијанците мечот го завршија со 10 фудбалери, откако Тиаго Мота се повреди на околу 25 минути до крајот на мечот, а италијанскиот стратег веќе имаше извршено три замени.

ПС.
Јас лично како голем навивач на Милан мислам дека играчите на Јувентус појма немаа на овај натпревар и тоа е главната причина за губењето на Италија, и после ке се фалат во Италија имало многу играчи на јуве. Што дека има кога сите вредат колку Касано

o7
Zombinho