Порторико пресилен за Македонија

Day 1,682, 05:06 Published in North Macedonia Armenia by Zombinho

Македонската кошаркарска репрезентација синоќа убедливо загуби со 96-77 во првиот од двата пријателски мечеви против Порторико.



Дуелот во „Колосео“ арената во Сан Хуан стартуваше изедначено, но во поголемиот дел избраниците на Марјан Лазовски беа во негатива. Домаќинот успеа да го казни слабиот процент на реализација на „црвено-жолтите“, па победата ја најави уште на полувремето, на кое заминаа со 20 поени разлика (51-31).

Македонија со серија од 11:2 го отвори второто полувреме, намалувајќи го дефицитот на 11 поени. Таа трета четвтина ја добивме со 28:22, но немавме сила за такво нешто и во последниот период, кој им припадна на домаќините со 23:18 за конечни 19 поени разлика.

Перо Антиќ со 19 поени и осум скокови беше прв играч во редовите на нашата селекција за која на овие подготовки дебитираше Лестер Бо Мекејлеб. Натурализираниот Македонец на теренот мина нецели 32 минути во кои постигна 13 поени и имаше пет асистенции. Тодор Гечевски и Владо Илиевски додадоа по 12 поени, а двоцифрен беше уште и Војдан Стојановски со своите десет поени.

Кај Порториканците најефикасни беа Давид Хуертас и Александер Галиндо со по 15 поени, додека по 12 поени имаа Питер Џон Рамос, Нејтан Пиви и Даниел Сантиаго. Џеј-Џеј Бареа имаше 11 поени и 10 асистенции.

o7
Zombinho