Гулит: Следете го примерот на Јувентус

Day 1,679, 17:15 Published in North Macedonia Armenia by Zombinho

Поранешниот холандски репрезентативец им порача на клубовите во Италија дека
што побрзо мора да поработат на застарената инфраструктура доколку сакаат
Серија А да опстане меѓу Топ 5 најсилни лиги во Европа.
Руд Гулит е убеден дека состојбата на стадионите во Италија претставува најголем
проблем на клубовите во моментот.
Холанѓанецот им порача на челниците на клубовите дека што побрзо мораат да тргнат по стапките на Јувентус кој минатата сезона ги полнеше трибините на “Арената“ која го
замени “Деле Алпи“.
“Најголемиот проблем им се стадионите. Престари се, навивачите не сакаат да доаѓаат
на натпреварите. Посетата на натпреварите на Јувентус значително се зголеми на
новиот стадион. Седиштата се удобни, условите перфектни а навивачите се горди на
тоа. Другите клубови треба да го следат тоа“, изјави Гулит.
За волја на вистината само Јуве, Милан и Интер имаа поголем просечен број на посети
од 35.000 навивачи.
Останатите тимови едвај имаа просек од околу 20.000 навивачи.
Сепак, треба да се истакне дека пред стадионите навивачите ги привлекува атрактивен
фудбал и резултати, но констатацијата на Гулит е точна и има удел во вкупната посета
на навивачите на натпреварите од Серија А

о7
Zombinho