КОЈ КОЛКУ ЈА САКА МАКЕДОНИЈА?

Day 1,674, 07:54 Published in North Macedonia North Macedonia by Mr.Santino

Дали Македонија може да се прифати како една заедничка држава на сите кои живеат во неа? Ова прашање одвреме навреме се појавува на разни дебати, но никако да се добие конкретен одговор. За еден дел од Македонците, Македонија прво е нивна, а дури потоа на другите. Додека пак, другите етнички групи, посебно Албанците, според набљудувачите, бараат рамноправност. Политиката повеќе игра со ова чувство отколку што покажува смелост да му стави крај на ова прашање.

Анализа на Назим Рашиди

Во интервју за телевизијата Алсат – М пред неколку дена лидерот на најголемата опозициска партија, Бранко Црвенковски изрази разбирање и, до некаде и жалење за низа настани кои им се случиле на Албанците во последните 20 години. Тој исто така рече дека сака да ги почувствува проблемите на Албанците како да се негови, па дури и да најде и решенија за истите.

Но, како се толкуваат овие изјави?

Тие се изненадни и се искажани пред локалните избори и кога македонската опозиција веќе почнала со низа протести.

Дебата на минатото

За Алберт Муслиу од организацијата Албанска Демократска Иницијатива, ова требаше да биде една дебата од минатото.

„Дебатата за тоа чија е Македонија е последица на комунистичкиот менталитет, во кој владееја теории дека една нација не може да има неколку држави. Државата требаше да биде етничка сопственост, а не граѓанска. Во политичкиот дискурс се инсистира дека државата е во сопственост на една етничка група, нешто што во Европа и во развиените демократии се надмина со оформувањето на Европската заедница„ вели Муслиу.

Но, Жидас Даскаловски, од Центарот за истражување и креирање политики вели дека оваа дебата ќе продолжи.

„Дебатата околу прашањето каква држава е Македонија, кои се правата, обврските, односите помеѓу етничките заедници постојано ќе се одвива. Оваа дебата нема да заврши затоа што постојно ќе има нови прашања. Но, ова не е ништо страшно и сите треба да сфатиме дека тоа е нормално во демократии со повеќе етнички групи”, вели Даскаловски.

Македонија се уште не дала конкретен одговор за тоа чија е всушност Македонија. Од уставен аспект таа на почеток се сметаше дека им припаѓа на граѓаните, за потоа со уставни измени по Охридскиот рамковен договор да се спомнат и другите етнички групи. Но, во пракса, општото чувство е дека Македонците сметаат дека Македонија е првенствено нивна, па потоа на другите. Ова е неприфатливо за другите етнички групи, посебно за Албанците кои бараат рамноправност.

Дебата која нема да заврши