Самарас ги плашел Грците со Македонија

Day 1,674, 05:06 Published in North Macedonia North Macedonia by Mr.Santino

Последните месеци за многумина грчки избирачи претставуваа борба меѓу стравот и надежта, при што стравот имаше поголема движечка сила. Можеби звучи драматично, но тоа го откриваше изразот на лицата на избирачите, пишува дописникот од Атина на шведскиот дневен весник „Дагенс нихетер“.


Два дена пред изборите на плоштодот „Синтагма“ лидерот на десницата Самарас држеше говор пред неколку илјади избирачи, убаво облечени средовечни луѓе.

Самарас започна со пораката дека нова Грција е на пат да се роди. И потоа ги набројува сите страшни нешта кои би се случиле, доколку победи левицата. Банкрот, празни банкомати, штедење во одбраната.

- Кипар ќе можеме да го заборавиме, а како врв на се ФИРОМ ќе го добие правото на името Македонија. Не знаевте ли дека дека младинската организација на Сириза дури била во ФИРОМ и демонстрирала со тамошното население. Тоа не можеме да го толерираме, рекол Самарас, упатувајќи предупредување до насобраната маса со високо кренат показалец, пренесува „Дагенс нихетер“.