Шевченко се повлекува од националниот тим!

Day 1,674, 01:24 Published in North Macedonia North Macedonia by Mr.Santino

Андриј Шевченко синоќа објавил дека ќе се повлече од украинската репрезентација.

Најголемата ѕвезда на украинскиот фудбал најави дека ќе одигра уште само неколку пријателски натпревари пред и официјално да се збогува со дресот на репрезентацијата.

„Ова беше мојот последен официјален натпревар за Украина. Во наредниот период ќе учествувам на уште неколку пријателски натпревари преку кои ќе се збогувам со фановите. Кои се моите наредни планови? Едноставно да одам дома и да ги прегрнам децата“, изјави Шевченко кој е најдобар украински фудбалер во последните дваесет години.

Шевченко се повлекува од националниот тим!
http://www.erepublik.com/en/article/-1-2063802/1/20