Црвенковски се откажа од политиката!!

Day 1,673, 12:27 Published in North Macedonia North Macedonia by Mr.Santino

бр.004
Скопје, Македонија
Лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски утрово поднесе оставка 0д лидерската позиција на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија и најави трајно повлекување од политиката.

На прашањето зошто токму сега, пред локалните избори Бранко Црвенковски дава оставка, тој одговори дека е уморен од стресната македонска политика и непочитувањето на политиката и градбите од неговото време. Тој исто така напомена дека ќе продолжи да работи некоја друга професија, се со цел да го издржува своето семејство.
Бидејќи Црвенковски одлично го говори англискиот јазик и добро ја познава Македонија, тој отворил нова туристичка агенција која е именувана „Бране-турс“ и во која самиот тој е туристички водич.
Попладнево Црвенковски со групата мешовити туристи се упати кон својата прва дестинација „Козјак“. Во текот на превозот Скопје – Козјак екслидерот на СДСМ ги покажуваше градбите од неговото време и неостварените градби на денешната Влада кои се наоѓаа на десната и левата страна од автопатот. Кога пристигнаа во Козјак сите се симнаа од автобусите и го следеа својот водич. Црвенковски умешно владееше со просторот и демонстрираше интересни факти.
„Јас сум воодушевен од туристичката агенција „Бране-турс“, а особено од водичот. Доколку има нови тури јас повторно би дошол… моја желба е Црвенковски да не прошета надвор од државава и се надевам дека ќе се реализира“, изјави еден од туристите кои патуваа со Црвенковски.

Црвенковски се откажа од политиката!!
http://www.erepublik.com/en/article/-1-2063425/1/20