Мачорот Гарфилд!

Day 1,673, 06:47 Published in North Macedonia North Macedonia by Mr.Santino

бр.003
Познатата мачка Гарфилд, денеска го слави 34. роденден. Една од најпознатите цртани мачки, е „родена“ на 19. јуни 1978. година, на страниците од истоимениот стрип, а ја нацртал познатиот Џим Дејвис. Овој мрзелив, саркастичен мачор, обожува да лежи, да пие кафе, да спие и да управува со далечинскиот упарвувач од телевизорот, но најмногу од се’ ги мрази понеделниците, поради неговата лоша среќа што го следи во тој ден од неделата. Има девојка по име Арлин, која никако да успее да ја имресионира. Не ги сака пајаците, иако знае понекогаш да зборува со нив, а зборува и со глувците, стаорците, дрвата, кучината, луѓето, со рибите и со билките, а понекогаш и со храната.

Неговиот сопственик Jon Arbuckle, покрај Гарфилд, има и „откачено“ , но не толку паметно куче, Одиеја. Вреди да се напомене, дека стрипот досега се има објавено во повеќе од 2.400 весници, а славата на овој цртан лин, му ја донесе анимираната ТВ верзија, „Гарфилд и пријателите“, која започна да се емитува од 1998. Година, па се до 1995. година, на каналот CBS. Подоцна, правата за емитување ги откупија голем број телевизиски куќи.

Во 2004. година, се сними филмот „Гарфилд“, а веднаш потоа следеа и продолженија:„Garfil😛 The story of two cats“, “Garfield Gets Real”, „ Garfield’s Fun Fest” и “Garfield’s Pet Force”.

Овој портокалов мачор Гарфилд има и свој фејсбук профил, на кој има околу 3,5 милиони обожаватели. Стрипот е во гинисовата книга на рекорди како најчитан стрип на светот.