Кратка Биографија

Day 1,669, 05:12 Published in North Macedonia North Macedonia by DebeloKuce

Да ви кажам право ова требаше да биде мојата прва статија, но тогаш не знаев ни самиов што да пишувам, а и не сум богзнае што кога станува збор за пишување ама се трудам.Искрено мислам дека секој би требало да даде кратка содржина за својот РЛ живот бидејќи зад сите овие никови, ID броеви и аватари стојат личности. Не ја пишувам статијава за да се докажам или да добијам 5 голд (не морате да кликате sub ако не сакате) туку да се претставам пред целата еМакедонија, да има претстава кој сум во РЖ.

Име: Гоце Дебелиот Јовановски
Место на живеење: Ресен, Р.Македонија
Статус: оженет
Деца: нема (ќе даде господ)
Дата на раѓањ: 05 – 10 - Илјада деветсто седумдесет и некоја.
Работен статус: Не вработен (пензионер на младост)

05.10.2011 - по некаква коинциденција се погоди да се родам во еМакедонија, на истиот ден и месец но само пред 30-тина години роден сум и во РЖ. А се случи на истиот ден при славењето на мојот роденден и после доста испиени пива, кога ми кажаа дека имало некоја игра во која се воделе епски битки со комшииве, - е ај де, реков да видам што е тоа чудо? Ми пратија налог ме плесна по полеќи и ете ме мене во еСветов.

DebeloKuce - и никот не ми е подалеку од вистината, Debelo - затоа што навистина сум кабаст скоро 0,1, тон а Kuce – затоа што лавам на непријатели, арамии и користољубци, а го ценам и верен сум му пријател до гроба на оној кој мисли се најдобро, се однесува пријателски и искрено.

Значи тоа е околу тоа како и кога се родив и го добив никот, сега нешто околу мојот РЖ. Имам завршено средно, воен рок октомври 2001 АРМ и сум запишан на факултет во Охрид (вечити студент), кога и дали ќе го завршам господ знае.Откако почнав да ја играм играва искрено да ви кажам и немам РЖ, мака мачам со жена ми, никако не можам да ја убедам да седне и таа да ја игра, а таа пацифист по природа само ме тормозит, така да водам битка на два фронта, ама не попуштам и секој ден мавам по наредби. Инаку како што видовте погоре работа немам а тешко и дека ќе најдам, имам некое бавче и работам како земјоделец па дава господ за да се живурка. Социјален живот надвор од играва скоро и немам, бидејќи Преспава не нуди некаков избор за луѓе со статус како мојов, тука е Преспанско Езеро (ама само на лето), некој кафич, собиранка по дома и толку.
Ете во кратки црти тоа е кој сум кај сум и што работам.
П.С. Статијава е за тие што бараат повеќе зборови, ај да видам дали ќе ја прочитаат, не е се во зборовите има нешто и во срцето.
Поздрав и искрено ваш и секогаш за еМакедонија DebeloKuce.