Неколку патокази за е-бебиња

Day 1,641, 05:17 Published in North Macedonia North Macedonia by DebeloKuce

Можеби ќе се повторувам со некого но сепак оваа статија треба да се повторува на секои неколку месеци бидејќи стално има обнова на редовите на нашите единици, и мислам дека оваа (не оваа конкретно) статија би требало да биде воведена во Министерство за Култура и да се презентира секој месец.
Еве неколку водилки за помош и развој на бебињата, можеби некој нема да се согласи со мене но од моја гледна точка развојот повеќе или помалку би требало да изгледа вака:
1.Ни под разно не го трошете голдот до 20 lvl.
2.После тоа прво фокусирајте се на купување на фабрики за RAW материјал, за да зајакнете финансиски само со продавање на равот се додека не ја надминете разликата за dissolve (пола од цената зависно на фабриката која ја имате купено), за потоа да можете да купите фабрика за оружје или да надоградите некоја (но дотогаш белким ќе сконтате како ...).
3.Следете Daily Order за својата единица за дневно да се “билдате” со базуки, за после тоа да можете да земете барем 10 gold наеднаш од Achievements мисијатa True Patriot, или за Battle Hero мисијата (оваа варијанта не е препорачлива освен ако немате 5000-6000 поени Strength) .
4.Останатите редовни мисии после 20 lvl.кои следуваат не ги исполнувајте наеднаш, чекајте да дојде некоја екстра мисија како овие актуелнивe во моментов за да можете да завршите две мисии наеднаш (две муви со еден удар).
5.Секогаш чекајте попуст за надоградба на фабриките (има на секои 1-2 месеци).
Објаснување на некои од изразите кои се користат во играва:
-e-rep – E-Republic
-e-бебиња- новодојдени играчи
-Daily Order или скратено DO – мисиите кои ги дава единицата кои стојат на почетната страна и треба да се извршат 25 убиства до крајот на денот за да се добие едно шекерче и една базука.
-шекерче – додатни 100 сила за пукање со секое добиено шекерче
-RAW material – материјал потребен за изработка на храна или оружје
-Achievements – мисии кои се константни и се повторуваат.(кликнете на аватар за да ги видите)
-Strength – Јачина на еден поединец која се добива при дневно тренирање во Training grounds.
-Training grounds – каде се тренира и се зголемува Strength.
-o7 – поздрав
-MU или Military Unit – Единицита во која сте член.
-SUB – се наоѓа горе десно над насловот и треба да се кликне за да се претплатите на весникот.
-Vote – се наоѓа лево и неколку сантиметри подолу од SUB и тоа теба да се кликне за да можат да ја видат статијава сите на почетна страна.
-Shout или Извик - се постира коментарот на вашата почетна страна за да можат да го видат и вашите пријател кои ги нема тој што го постирал коментарот.
-BH или Batle Hero - достигнување кое се добива при најголем инфлуес во битка.
- Influence - Штета врз која е направена врз непријателот при пукање.
П.С. Сигурен сум дека многу работи изоставив но слободно може да ме надополните, и повелете кликајте SUB и Vote.