Забавата самошто започна!

Day 1,581, 14:27 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Odbrana


Планот се остварува. Влеговме во директна војна со Бразил. За жал, за една секунда не успеавме да ја земеме иницијативата. Но, тоа е што е. Спремете се за долга и напорна војна, војна во која на крајот НИЕ ќе излеземе како победници секако.

Нападот веројатно ќе почне утре навечер, затоа Ве замолувам сите да ги завршите дневните мисии порано и да чувате енергија и тенкови за вечерта!

Првите 3 битки мора да ги добиеме!

УДАР!

Имаме проблем со Алиса, како што повеќето од Вас веќе знаат. Новиот бот УДАР, благодарение на трудот на Бубо (MagiMaster) е во погон и е функционален. Принципот на работа е сличен со ботот Алиса.

Проблемот со Алиса е тоа што Influence-от кој што се додава како награда од мисијата, го пресметува во УДАРот, со што добиваме неточни податоци за повеќето играчи. Затоа УДАР нема да има додека не завршат мисиите (барем не во стариот облик). Има варијанти кои сеуште се разгледуваат за кои ќе бидете навремено известени.

Ве молам и покрај тоа што нема да има рефунд за утрешниот УДАР, да бидете сите присутни на армиски канал! Овој успех до сега се должи на нашата дисциплина! Да покажеме утре вечер што може Македонската Фаланга!

УРА!

Трале Наш и Биг Бенд оркестар
дизајн бај Kanopy and DedaMraz