[МоД] Соопштение!

Day 1,557, 09:00 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Odbrana



Здраво Македонијо!

Верувам дека сте во тек со законот за природен непријател-Хрватска кој се гласа во нашиот конгрес. Како реакција на тој закон следеше пуштање на закон за природен непријател од страна на јужњациве кон нас, со кој закон до моментов се тактизира, односно не се гласа со убедливо мнозинство. Последно случување е пуштањето на ист таков закон и од страна на Бугарија.

Сакам да ве уверам дека Македонија нема да подклекне пред предизвикот!

Не само што нема да подклекне туку од оваа ситуација ке излеземе уште поцврсти и поорганизирани.

За исполнување на таа цел апелирам да се тргнат на страна сите недоразбирања помеѓу поединци и единици. Политичките активности особено за време на конгресменските избори да се сведат на минимум, доволен за одржување на изборите и целата енергија на заедницата да се насочи на воен план.

Во текот на денешниот ден нема да се свикуваат организирани удари, освен во исклучителни ситуации, со цел да се заштедат средства кои наредниве денови ке ни бидат и тоа како потребни.

Со отпочнување на војната ке се стаават во функција сите канали за поделба на тенкови на Армијата и платеници , канали за организирање востанија и ке се продолжи со рефунд системот со организирани удари на удар каналите.

Како старо-нова мерка повторно се става во функција Армискиот канал.
Удар каналите и понатаму ке функционираат и ке служат само за внес на војниците на ботот, додека наредби ке се следат исклучиво на Армискиот канал.

За крај само ке повторам дека силата на една Армија е во дисциплината и следењето на наредбите!
Време е да го наполниме Армискиот канал и да ги потсетиме противниците "кој е кој" во играва.


Да живее Македонија!

Со почит,
МоД тим на
еМакедонија.