Потребна ми е помош од вас еМакедонци!

Day 1,507, 17:53 Published in North Macedonia North Macedonia by TrajcheE

Ќе ви бидам многу благодарен доколку ја прочитате мојата молба до вас.

Знаеме сите дека месецов не очекува голем настан за нас Македонците, а тоа е Европското првенство во ракомет во Србија.
Сите ќе ги бодриме и се надеваме на голем успех.
Јас како екс-ракометар од моите 10 години почнав да играм ракомет до 17, и за жал не продолжив со ракометот зошто и сами знаеме колку се живее од спортот во Македонија!
Моите соништа како дете ми биле да заиграм за македонската репрезентација, еден ден, да ја претставувам Македонија и да освоиме златен медал, но тоа не ми се исполни, за жал.

Картите се распродадени на почетокот беа по 1000 денари, а сега истите се продаваат по 100 евра па нагоре, за жал неможам моментално да си дозволам толку пари за да отидам да ги гледам ракометарите во Србија, но сепак постои можност да ми се оствари тоа. Се што барам од вас е да ми помогнете, да стиснете лајк на линкот подолу за да влезам во првите 10, да влезам во официјалното гласање и да добијам карта за ЕП во Србија.

За возврат на секој кој ќе стисне лајк и пише во коментар со број на Лајк за возврат добива q6 тенк.


http://www.fakulteti.mk/nagradniigri/rakometeuro2012list.aspx?id=238

И текстот кој е напишан за нашите ракометари кои се надевам би ги мотивирало:

До сите наши репрезентативци кои ќе не претставуваат на Европското првенство во ракомет во Србија! Како мали сигурно сте имале големи сонови за големи дострели, успеси и докажување на самите себе и на сите околу вас, колку сте вие успешни, истрајни и храбри за спортот за кој играте и живеете! Сега е моментот да ги остварите сите ваши соништа, да покажете колку сте моќни и колку сте вистински спортисти, сега е време за докажување, време е да се надминете самите, време е вашата љубов кон овој спорт да ја преточите во награда за Македонија, да и подарите на татковината медал од клубските првенства! Позади вас стои цела македонска публика, 2 милиони срца чукаат за вас, желни за успех, кои ќе го следат секој ваш потег и заедно ќе се радуваат и слават за вашите победи за нас! Со вас ќе бидеме цело првенство во Србија давајќи ви огромна поддршка, и секако поголем број и пред малите екрани кои ќе ве пречекаат со топли срца дома, како херои, без разлика на вашите постигнати резултати. Без разлика на се, вие сте и ќе бидете наши идоли! Само напред момци!

ЕДИТ: Ќе добиете тенкови сите, ве молам стрпете се ве има многу

Ви благодарам многу.