Државјанство - Наплаќање или Не !!! АНКЕТА

Day 1,474, 15:24 Published in Serbia Chile by Mehandzijski


Почитувани Брака и сестри еМакедонци со голем револт спрема одделни конгресмени-ботови бев приморан да ја напишам оваа статија но исто така и ја користам демократската можност и право во играва да пуштам анкета каде што би се изјаснил еМакедонскиот народ за одделните своеволности кои се случуваат во конгресот!

Имено, сведоци сме дека во последниот состав на конгресот одделни ботови донесоа свои решенија и правила каде што сакаат да го оштетат еМакедонскиот граѓанин и да му наплатат државјанство од сопствената татковина. еМакедонецот се сели и според економскиот модул на играва создава средства со што поуспешно би работел за еМакедонија - имајте предвид дека ова е игра и богатството на граѓанинот е богатство на самата држава - според тоа еМакедонецот:

- Прво : Со селењето на еМакедонците во државите кои имаат 10 од 10 ресурси произведуваат тенкови за своите единици кои се борат за еМакедонија!
- Второ : Многу млади еМакедонци се развиваат економски во други земји поради лошиот концепт на еМакедонската економија, поради скапиот голд и невозможноста на играње на еМакедонскиот маркет (монетарен и пазарен)!
- Трето : еМакедонецот со селење во другите држави шири пријателства и само ги зајакнува веќе поставените темели на сојузништвата!
- Четврто : Многу еМакедонски сојузници,пријатели доаѓаат во еМакедонија како би го подобрели својот економски статут при што и помагаат на еМакедонија и горат доста еМакедонски пари (МКД)!


Ова е само дел на она што еМакедонците го прават играјки ја играва, е сега, овој момент на играње еРепублика е ускратен од некои паметни дечки кои мислат дека ако наплатат државјанство ке добијат пари (за себе) за други или за трети. Тоа така неможе!!!!

Прво овие дечки воопшто немаат право да донесат таква одлука, демократско право на сите вас Браќа и Сестри еМакедонци е да се изјасните дали сакате да ви се наплаќа на вас и на вашите пријатели и сојузници државјанство - После тоа доколку сакате конгресот не е место за ваква одлука туку одлуките ги носи самата влада, ќе треба да се креира Министерство за Иселеници кои ке ги води работите околу државјанствата и на крај што е насмешна (жалосна) работа е, моментот што нашите конгресмени или еве 70% од нив на својата функција доаѓаат со потплаќање на избирачкото тело,веке биле конгресмени по многу странски држави или пак не им е гајле за ништо друго освен за медалчето и голдот кој го добиваат при земање на медалот!

Поради сето ова горенаведено ВЕ повикувам вас граѓаните на еМакедонија да се изјасните во оваа анкета и да кажете дали сакате да ви се наплаќа државјанство на вас или на вашите пријатели од другите држави - Конгресмените кои што не се согласни со оваа политика, ги повикувам да прогласат непослушност кон Претседателот на Конгресот и останатите ботови кои си измислуваат свои правила и прописи а на Претседателот на Конгресот и на останатите електрични состојки (прекидачи и штекери) им порачувам следниот пат да се консултираат со народот, а НЕ!!! да донесуваат свои правила и во филмот на императори да наредуваат што други треба да прават!!!!!!!
И уште еднаш цел линк од анкетниот лист!!!
http://tinyurl.com/c7u8svs

БОЈКОТ НА КОНГРЕС И СМЕНА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА КОНГРЕС Е НАЈПАМЕТНО НЕШТО ШТО МОЖЕ ДА СЕ НАПРАВИ ВО МОМЕНТОВ!!!!!!!!!!!!


Воедно ГИ ЗАМОЛУВАМ!!! сите електрични уреди да се воздржат од коменрирање, овој артикл е наменет за народ без напојување !!!

Za Shaut:
Гласај и Пренеси ----> Изјасни се тоа е твое Демократско Право!
http://www.erepublik.com/en/article/-1-1917319/1/20
Анкета за наплаќање на државјанства!
http://tinyurl.com/c7u8svs