М.О.М.А - Македонски Обединети Мировни Активисти

Day 1,459, 11:12 Published in North Macedonia France by Princess Emily
Почитувани пријатели и сонародници,
Оваа статија ја објавуваме со посебна цел. Чест ни е да го објавиме реформирањето на Македонските Социјалдемократи во М.О.М.А – Македонски Обединети Мировни Активисти. Како што и новитетот во името кажува, ова здружение нема да функционира како класична политичка партија, туку како група на еМакедонци кои сакаат мир, слога и обединетост во оваа е-држава. Со победата на MaCeDoNa на последните избори се постави нова насока во работата на оваа партија и поставување на поинакви политички цели.


Логото на партијата...

Општо познато ви е речиси на сите дека во политичкиот живот на еМакедонија владее хаос (и во други полиња, но тоа сега не е предмет за расправа). Јавното откривање на причинителите не е во мој домен, ниту ми е право и желба. Револтирани од самоволието на одредени политички персони кои премногу сериозно ја сфаќаат политиката во нашава е-држава, решивме да направиме не политичка партија, туку една партија чија главна цел ќе биде обединување на еМакедонскиот народ и враќање на повторното единство во еМакедонија. Многу од нас, членувајќи во различни воени единици, заборавија дека сите сме тука еден народ, сите сме Македонци, и дека ова е игра. Сите сме браќа и сестри по крв. Ние сме Македонци, потомци на големите лидери Филип II и Александар Македонски. Имаме потенцијал, но не знаеме како да го искористиме, или го употребуваме во погрешна насока. Да ја надминеме себичноста и да ја ставиме еМакедонија на прво место.

Ве повикуваме сите чесни, активни, и политички неопределени играчи, да ни се приклучат и да ни помогнат да влеземе во топ 5 партиите во еМакедонија. Нашата прва цел е на 25ти овој месец да дадеме наши кандидати за еМакедонскиот конгрес. Кандидатите ќе бидат луѓе за кои партијата ќе гарантира дека правилно и чесно ќе си ја извршуваат конгресменската функција. Ќе се работи за совесни, полнолетни и доверливи граѓани за кои нема да биде спорно оставањето на иднината на еМакедонија во нивни раце.

Решено е раководството на партијата да го превземе Раководно тело, или Мировен Совет, кој во моментов се состои од претседателката MaCeDoNa, Princess Emily, Pande.J, marija505, MKConqueror, и vlatkomacedonian. Ова е само моментален состав, секој што има некаква идеја во врска со напредокот на партијата, слободно нека се обрати кај кој било од овие членови, па ќе организираме дебата. Раководното тело со зголемување на бројот на играчите ќе се зголемува, и ќе се стремиме кон тоа од секоја воена единица да има по најмалку 2 претставници.

По предлог на претседателката MaCeDoNa, секоја сабота по една девојка од партијата ќе дели по 7q4 лепчиња на сите членови на М.О.М.А. Секако, поделбата ќе има симболично значење, за среќа на сите членови на нашата партија. Како што заклучивте, денес, за прв пат по реформирањето на партијата, јас ја добив таа задача 😁

Порака од претседателката MaCeDoNa:





"Бидете промената која сакате да ја видите во светот."


М.О.М.А - Македонски Обединети Мировни Активисти - партија чија главна цел е обединување, единство и слога помеѓу еМакедонците.
Станете и вие член на М.О.М.А, да направиме промена на подобро!