М.О.С. Обединува !!!!!!!

Day 1,393, 11:26 Published in North Macedonia Chile by Mehandzijski




Поздрав еМакедонијо!

Веке цела недела како пред нас постојано се редат битки со кои како вистински лавови се справуваме – гледам огромна обединетост помеѓу нас еМакедонците,гледам и се восхитувам на воинствените браќа кои со гордост прифаќаат кога ѕидот е паднат и веднаш се втурнуваат во нова битка.Не се жали здравје,не се жали време ова е борба која вечно ке ја запомниме – борба каде што ние несомнено излегуваме победници,секој ден сме се појаки,секој ден сме се пообединети – нашето време на СУПЕР СИЛА сеуште тлее,непријателот со страв гледа и пробува со сите сили да не деморализира,гледа со сите сили да не скрши и разедини но ние еМакедонците нема никогаш да се предадеме,ние ке излеземе од секој пораз како победници бидејки и само така знаеме да опстоиме – како победници!!!!!!
Веке неколку недели размислуваме и се договараме како да настапиме појаки,поорганизирани и пообединети како воени единици-знаеме дека моментално во играва има премногу воени единици кои несомнено даваат се од себе за да може еМакедонија на крај да победи но сепак на секој му треба помош,помош во тенкови,помош во ланец на командување и на крај помош за повеке инф. во било која битка со што би можела еМакедонија да победи.По таа логика ние неколку единици Иморталс,ДБК и еВМРО решивме да направиме сојуз каде што секоја единица ке помага на другата,ке се организираме за заедничко тенкање во битките за еМакедонија и најбитно ке дружиме повеке и ке се запознаваме поубаво.Сојузот го крстивме Македонски Обединети Сили бидејки знаеме дека обединети секогаш сме најдобри,знаеме дека кога сме обединети сите се плашат од нас па дури и сојузниците!

Нашиот аватар на сојузот е еден единствен и се замолуваат другите единици да не го употребуваат,исто така би ги замолил сите да размислат за ваков вид на делување - сите единици се добредојдени,секој може да биде дел од М.О.С.


За крај да ги поздравам страшните еМакедонски тенкови,нема да именувам знаеме за кој станува збор – да им честитам на успесите кои како имиња ги шират низ еРепублика и тоа се во име на еМакедонија – вие сте срцето на еМакедонија !!!!!!!!!!