[Амбасадор во еШпанија] Вонреден амбасадорски извештај за нов скандал во владата

Day 1,391, 09:10 Published in North Macedonia France by Princess Emily
*Иако мислев дека веќе ќе добијам заменик за амбасадорското место во еШпанија, тоа сеуште не се случило, претпоставувам поради настаните од вчера кои сите ги знаеме, и кои не погодија сите еМакедонци. Во секој случај, бидејќи јас сметам дека мандатот не ми е завршен додека не ми најдат заменик (се надевам дека нема да се оддолжи тоа премногу, бидејќи имам обврски во рж) се чувствувам должна да го напишам извештајов.


Во претходната статија, анализата на претседателските избори, објавено е дека за нов претседател на еШпанија месецов е sha byerrr. Има многу поплаки од еШпанските граѓани дека претседателот овој месец го има само формално, односно дека воопшто не контактирал со ниеден член од својот претходно објавен тим, го нема на чет каналите, а неговите изјави се многу конфузни, го знаете случајот со моето прашање "Што мислите за пријателството помеѓу еМакедонија и еШпанија" и одговорот "are we friends?".

Освен тоа, во еШпанија пред 2 дена изби скандал за корупција на министерот за одбрана migue_rover, со доказ порака објавена од најголемиот еШпански тенк Durruti (со напомена дека тој е платеник, не работи за еШпанија иако е Шпанец) во статија во својот весник со наслов "Вистинското лице на министерот за одбрана"
Во статијата се објавена пораката која Министерот за одбрана му ја пратил на Durruti:


Поголема слика

Министерот го исконтактирал Durruti за 22те болници кои тој ги има и сака да ги продаде. Овде му предложува на Durruti да му даде 25к esp oд секоја болница, односно 22 * 25000 = 440000 еsp за Durruti, а за министерот било планирано по 5к еsp, односно 22 * 5000 = 110000 esp.
И покрај коментарите дека никој не го очекувал тоа од migue_rover, јасно се гледа обидот за полнење на сопствениот џеб, со одобрение на претседателот за таа акција.


Секој си се снаоѓа како што може, очигледно.