еМакедонија (Втор дел) !!!!!!

Day 1,204, 04:50 Published in North Macedonia Chile by Mehandzijski


Епа браќа и Сестри еМакедонски да продолжиме каде што застанавме!

Навистина ми смета едноумието кое некои луѓе пробуваат да го наметнат на играва,според мене треба да се развиваме и да раснеме како колектив во оваа игра а не како поединци,затоа и постојано пишувам,знам дека бодам очи на многу луѓе но едноставно неможам да се сопрам додека не видам резултати од она што го потенцирам.

На пр.Имав коментари дека било добро што сме дале 150 злато на еСрбите за железото што го земавма – јас не тврдам дека е лошо,кирија се плаќа секаде но муабетот ми беше дека самите еСрби изразија желба да се даде регионот бакшиш,да не се наплаќа на еМакедонија затоа зошто во еСрбија има вложено труд и од еМакедонци кои биле активни и помагале како што и помагаат ден денес – незнам зошто оваа еСрбска желба не е исполнета,можеби нашата власт сакала да плаќа.може имаме злато повеке а може и дипломатијата ни е на такво ниво што мора да платиме.

Втор пример е процентот на играчите кои се над 21 левел – ниту една власт па и денешнава не презема ништо овој процент од вкупното еМакедонско население некако да порасне – имаме жални 20% од играчите кои се над 21 процент – што се овие другите – СЛУГИ,ЖИВОТНИ – зошто не заслужуваат владата да направи поттик за побрзо напредување ?
Трето е хаосната економија – прочитав некаде сме имале најјака валута – СМЕШКИ – дали некогаш сте отишле на некој од сајтовите каде што глобално се претставуваат цените но во сразмер со останатите производи како храна,куќи и оружје - Сајт за еРепублика
Ако подобро погледнете на сајтот ке видите дека денарот е една од најслабите платежно моќни валути – зошто ?
Имаме премногу фирми и ресурси на маркетот а премала куповна моќ,на врв на ова има и црн маркет или црна берза,наречете ја како сакате – оние најјаките играчи кои и највеке трошат пари за тепање купуваат преку пријатели тенкови,куќи или храна – така да и тука накнадно се намалува вредноста на денарот.

Излез има но на еВласта воопшто не и се допаѓа тоа го знам уште во старт – излезот е само намалување на данокот,кога данокот ке се намали платежната моќ ке се зголеми,ке можат играчите секојдневно да го покачат буџетот барем за 35% на почетокот а подоцна кога оптегот на денарот ке биде пораширен тогаш ке се зголеми и на 50% - замислете го Маркетот денес со 50% зголемен буџет – тоа значи дека фирмите ке може да купуваат и продаваат со 50% зголемен буџет – од 24 страни понуда на Маркетот ке отине на 12 страни – Многу едноставна математика но зошто тоа на власта не и се допаѓа – тие со намалениот буџет ке мора финансиите да ги црпат повеке од државните фирмни а помалку од буџетот на еМакедонија,тоа на нив не им се допаѓа бидејки ке имаат помалку денари за манипулација,помалку ке може да се донира(да не кажам краде) лево десно по компанииве и играчиве.Плус моменталниот статус со купи продај на ММ не дозволува манипулација на денарот и златото затоа и златото само ке паѓа и паѓа,се до моментот кога излезот ке е овој што го пишувам – ке видите ке правиме муабет пак!

Јас знам дека веднаш ке се појават луѓе на кои ова нема да им се допадне,луѓе кои ке го фалат нашиов претседник ко да нема трунка грешка во неговиот мандат иако и самиот знае дека ни пола од она што го вети во минатиот мандат не го исполни,за тоа може само да погледнете на еМакедонија и да видите колку цели се исполнети овој месец и колку медали доби еМакедонија!
Друго што сакав да напишам е беспрекорноста на борците и БХ медалите – се е супер злато е злато ама не ли можеше некако да се изорганизира БХ медалите да се донираат во Народната банка,да се кренат државните компании,па останатите борци чекаат по 1 месец за некој медал додека појаките земаат дури и по два БХ медали за една битка – има ли начин ова да се изорганизира – чисто предлог,се бориме за еМакедонија и да дадеме на еМакедонија.

Сите горенаведени критики се добронамерни,никого не познавам во РЖ и со никого не сум се замерил,сакам играва да ја направам место каде што еМакедонија ке може успесите да ги направи на завидно ниво за сите останати еДржави – а потенцијал има !!!!!!!!!!