еМакедонија (Прв дел)!!!

Day 1,201, 08:30 Published in North Macedonia Chile by Mehandzijski



Здраво Браќа и Сестри еМакедонци!
Веке некое време се дистанцирав од политиката и тотално се посветив на нашата воена единица еВМРО па немав време да напишам некое артиклче за случувањата во еМакедонија!

Како и обично најголемите статии ги пишувам во време и околу избориве,без разлика дали се Конгресменски,Партиски или Претседателски,гледам реално на работите и никој неможе да ме одврати од овој мој став.Денес се решив за една поинаква статија,може на некој ке му изгледа плукачка,на друг опозициска а на трет реална но мене ми е важно да ги напишам своите согледувања за еМакедонија – без разлика дали му се допаѓа тоа на некој или не

еРепублика станува се поинтерактивна игра во секоја смисла,играчите на играва не само временски туку и финансиски се повеке се активни и секојдневно созреваат со своите лични погледи кон случувањата без разлика дали се лоши или добри.
Што со еМакедонија?
Каде се тука еМакедонците?


еМакедонија и еМакедонците се повеке се губат во играва,стануваат алатка на други еДржави– одредени играчи потенцираат како напредувала еМакедонија,финансиски,воено или општо како потенцијал од млада еДржава но за мене ова е многу голема лага,јас во еМакедонија гледам само група на играчи кои постојано заведуваат и лажат одреден процент на еМакедонци стриктно во лични цели – еМакедонија се движи напред само по нивни лични стандарди и стриктно само тие напредуваат громогласно – процентуално еМакедонија нема ниту 20% играчи кои напредувале над 21 левел.Тоа за мене претставува еден голем fail не само на досегашните претседатели туку и општо на сите еМакедонци!

Зошто е ова така – а факт е дека е така !
Незнам дали одредени личности прв пат играат онлајн игра и незнаат што е поента на една ваква игра,без разлика каде и да се игра – секогаш за успех во една игра е важно и пресудно да не се заборави дека ова не е РЖ – ова е само игра каде што победникот колку и да е добар на крајот кога играта ке се стави во кутија тој продолжува да живее,не е важно дали е победник или губитник – сатисфакцијата е претежно лична па после групна,зависи од играта – КАКВА ИГРА Е еРЕПУБЛИКА ? Јас мислам дека оваа игра е национална и еМакедонија нетреба да зависи само од една група на луѓе кои утре кога играва ке заврши само ке се свртат и нивниот успех ке биде голем неуспех на еМакедонија!
Како успех ке се претвори во неуспех – многу едноставно,додека една група на луѓе грабаат со сите сили повеке за нив не се свесни дека не крадат од успехот на непријателот туку крадат од сопствениот успех бидејки еРепублика е игра каде што победникот се наградува со медали – но не заџабе постојат медали и за еДржавите – авторот на играта ја осмислил играва да напредуваме и успеваме како народ како нација а не како поединци кои ке се групираат во тесни групи кои ке изиграваат луѓе без татковина !
Затоа следен пат кога ке се оценувате за успеси и неуспеси погледнете колку медали и за што освоила еМакедонија медал,тоа е успехот на еМакедонците а не личните медали кои на некои веке и не им се битни туку само се трупаат реда-ради

Се изначитав полно глупости овие три дена пред претседателските избори,еден делел од две зла едно добро,друг се фалел како бил беспрекорно успешен,трет пишува како веродостојни информации не се добиваат и се играат задкулисни игри кои сите не сасегаат,четврт пишува за некаква си кариера во играва – ЕЈ КАРИЕРА
Но никој не објаснува зошто еМакедонија тапка во место веке еве шести месец како ја играм играва – исти муабети,исти проблеми и препукувања – дали некој научи како се игра играва,дали даде излез од ситуацијава во која што сме?
НЕ!!!!!!
Претседателот еве втор мандат ке добие – со одредени личности воопшто несака да разговара,со други бара официјални преписки како да животот му е еРепублика и станал Обама преку ноќ – Бара донации злато за еАРМ а еАРМ има официјални личности кои треба да станат еднаш засекогаш фактор во еМакедонија,еГенерали – ВОДАЧИ на армијата – еАРМ има компании кои работат,прават пари но никој незнае каде се па ај Претседателот ке им собира донација во злато – како да немаме држава и државен буџет па мора да даваме на еАРМ кое утре нели ке не заштити ако не нападнат соседите!Кои соседи вчера гледам објави Македонец на Македонец пука само поради тоа што некој незнае да се договори од другата страна да има борци кои ке го повратат регионот на Србите – недостаток на комуникација – Можеби !!!!!
Како и да е претседников ни е 9 од 10 – така прочитав некаде – ГЛУПОСТ или ЖАЛОСТ – ајде војна за тренинг се прогласи,никој не напиша дека 150 злато е договорено месечно да се исплаќа за територијата која еСрбија ни ја дава,може и сме заслужиле да ни се наплаќа по 150 злато месечно,затоа нема средства фирмите во еАРМ да се кренат – не се криви Србите што ни зимаат злато,криви сме ние еМакедонците што сме дозволиле таков штетен договор да се направи,Претседникот си работи колку што може,тоа е сигурно најдобро од него што може да даде,толку му сече како што би кажал народов наш

Сето ова горенаведено е добронамерна критика која ја посочувам со цел да се подобри играта има и уште но текстов станува се поголем и поголем па ке се надоврзам во следниот број – ова е само дел први !!!!!!